Како да реагирате за време на земјотрес?
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Оператор 06-12-2019
Продавач 06-12-2019


Како да реагирате за време на земјотрес?

Земјотресите се елементарни непогоди коишто се резултат на поместувањето на тектонските плочи и движењето на земјината кора, при што, се ослободува голема енергија која води до потресување на земјата.

kako-za-reagirate-za-vreme-na-zemjotres-2-01.jpg

Во случај на земјотрес, имате само неколку секунди да одлучите што ќе правите и како да се спасите.

Во случај на земјотрес:

Ако сте внатре, најдете засолниште

kako-za-preziveete-za-vreme-na-zemjotres-01.jpg

1. Веднаш легнете на земја

Големите земјотреси настануваат без предупредување, дури и малите земјотреси може да се претворат во големи земјотреси за само неколку секунди. Тогаш најдобро е да легнете на земја и да преминете на следната точка.

2. Најдете засолниште

Скријте се под маса или било кое друго парче мебел. Држете се настрана од стакло, светилки, прозори или било каков друг мебел кој може да се искрши и да ве повреди.

kako-za-preziveete-za-vreme-na-zemjotres-2.jpg

Ако немате маса во близина, тогаш покријте ја главата со вашите раце во агол од зградата или домот во кој живеете.

Никако:

- Не смеете да трчате надвор, така можете да се повредите излегувајќи од зградата.

- Не застанувајте на врата, побезбедни сте под маса, отколку под врата.

- Не трчајте во друга соба за да застанете под маса.

kako-za-preziveete-za-vreme-na-zemjotres-6.jpg

3. Држете се за нешто

Ако успеавте да се најдете под маса, цврсто држете се за неа, додека не престане да се тресе земјата. Ако не успеавте да најдете место каде да се криете, продолжете да ги држите рацете над главата.

kako-za-preziveete-za-vreme-na-zemjotres-3.jpg

4. Ако се најдете во кревет, останете таму

Земете ја перницата за да ја заштитите вашата глава, освен ако над вас нема осветлување кое може да падне на вас, тогаш симнете се од креветот и најдете побезбедно место.

Многу повреди настануваат кога луѓето стануваат од кревет и одат по искршено стакло со боси нозе.

kako-za-preziveete-za-vreme-na-zemjotres-4.jpg

5. Останете внатре додека не престане тресењето

Многу повреди настануваат кога луѓето во зграда или куќа се обидуваат да се движат од една кон друга локација.

Кога ќе престане тресењето, одете бавно, не трчајте. Внимавајте на потресите кои доаѓаат по главниот земјотрес.

Застанете на место надвор каде во ваша близина нема жици на далноводи, згради или дупки во земјата.

Никако не употребувајте лифт.

Што ако сте надвор?

1. Останете надвор додека не престане тресењето

Најголема опасност постои ако сте близу згради каде ризикот е најголем да се срушат или да почне да паѓа нивната фасада.

kako-za-preziveete-za-vreme-na-zemjotres-7.jpg

2. Држете се настрана од згради, улични светилки и струјни жици од далноводи

Тие се најголемата опасност кога ќе се најдете надвор за време на земјотрес.

kako-za-preziveete-za-vreme-na-zemjotres-8.jpg

3. Ако сте во возило запрете, внимавајќи на сообраќајот и останете во возилото

Избегнувајте да застанете близу згради, дрвја, мостови и струја. Возете внимателно, бавно или целосно сопрете доколку можете, додека не престане земјотресот.

kako-za-preziveete-za-vreme-na-zemjotres-9.jpg

4. Ако сте заглавени во урнатини останете мирни и чекајте

Може ви изгледа како контра интуитивно, но чекањето помош може да ви биде најдобра опција да се спасите, ако сте заробени во неподвижни урнатини.

Не палете запалки или чкорчиња. Може во близина да има запаливи хемикалии и материјали.

Не се движете и не кревајте прашина. Покријте ја устата со марамче или парче материјал.

Тропајте на цевка или ѕид за спасувачите да можат да ве лоцираат и спасат.

Ако имате свирче, употребувајте го.

Викањето треба да ви биде последна опција, бидејќи така можете да вдишите опасни количини на прашина.

kako-za-preziveete-za-vreme-na-zemjotres-10.jpg

Извор

Би можело да ве интересира:

Жена си позира за селфи во метро како никој да не ја гледа (видео) Жена одржа лекција за самодоверба откако си направи фотосесија среде метро. Храб...
Парови кои се доказ дека љубовта нема рок на траење Додека денешните, модерни бракови за жал се распаѓаат пребрзо, оние кои знаат да...
14 работи кои ќе беа дел од вашиот живот ако бевте родени во Северна К... Ќе си купевте апликација за телефон буквално од продавница, ќе изберевте од пост...

Најчитани неделава