Њујорк тајмс: Забраната на е-цигарите ќе направи повеќе штета отколку корист

Во време кога во САД постои двојна криза предизвикана од електронските (вајп) цигари – порастот на нивната употреба меѓу тинејџерите и „мистериозната” болест на белите дробови предизвикана од вајпинг производите, првиот предлог на американската државна администрација беше овој производ да се забрани.

njujork-tajm-zabranata-na-e-cigarite-kje-napravi-povekje-shteta-otkolu-korist-01.jpg

„Предлогот да се отстранат електронските цигари од пазарот е разумен, но нивната забраната не е најдоброто решение од повеќе причини”, оцени Њујорк Тајмс, образложувајќи дека „таа мерка не гарантира дека младите ќе престанат да ги користат е-цигарите. Од друга страна пак, оваа мерка сигурно ќе натера 11 милиони полнолетни Американци, кои веќе ги користат овие производи, да изберат помеѓу традиционалните цигари (кои се се уште достапни иако се поштетни од е-цигарите) и вајпинг производите на црниот пазар.”

Американската агенција за храна и лекови (ФДА) дури сега воведе правила за комерцијализација на алтернативните производи. Досега тоа се правеше доброволно па се покажа дека процедурата ја испочитувал само Филип Морис, кој чекал две години за ФДА да ги прегледа научните анализи во врска со IQOS-от (кој не е електронска цигара туку уред кој го затоплува, а не го гори вистинскиот тутун) пред да го стават овој производ на пазарот.

Се утврди дека IQOS е единствената алтернатива од двете категории, која има официјално одобрение од ФДА да се стави на пазарот при што ФДА соопшти: По ригорозната анализа заснована на научни факти, овој производ сега може да се најде на американскиот пазар, а една од причините е тоа што произведува пониско ниво на одредени токсини отколку цигарите кои го согоруваат тутунот.

Андре Каланцополус, генерален директор на Филип Морис, коментирајќи ја актуелната дебата во Америка, за ЊуЈорк Тајмс изјави: Технологиите како што се е-цигарите и производите кои го топлат а не го согоруваат тутунот, можат драматично да го намалат бројот на пушачи, што е можност на векот, но оваа прилика не смее да се искористи на сметка на младите. Одмерен и цивилизиран дијалог заснован на научни факти и на постојната регулаторна рамка, а не на емоции, страв и ширење на сомнеж, може да помогне да се искористи оваа прилика.

Извор: МИА / NY Times

Би можело да ве интересира:

„Продадовме сè за да патуваме низ светот и се вративме дома за 6 месеци – реалноста е поразлична од ... „Седиме на убава плажа, но јас морам да се вклучам на состанок. Одиме на кафе во...
„Добивме дете со ин витро, но клиниката искористила туѓ ембрион – не знаеме каде е нашиот“ Кон крајот на минатата година, пар од Флорида добил ќерка зачната со ин витро. Н...
Вера Ванг со струкче како млада девојка на 76 години - за половина месец полни 77, фановите зачудени... Социјалните мрежи повторно се преплавени со коментари од обожаватели кои се праш...
Американската амбасадорка во Грција критикувана за „вулгарниот аутфит“ на формална вечера во Атина Американската амбасадорка во Грција, која е и поранешна снаа на Доналд Трамп, се...
Исчезна среде ноќ, полицијата добива барања за откуп: Детали за киднапирањето на американската писат... Исчезнувањето на Ненси Гатри е мистерија што ја крена цела Америка на нозе. Писа...
Трагедија на аеродром во Њујорк: Авион се судри со возило, има и загинати (фото+видео) Авион и возило се судрија на писта во Њујорк. Предниот дел на авионот е целосно ...

Најчитани неделава