Хрватски научник пресмета колкави се шансите да заболите од Корона вирусот


Хрватски научник пресмета колкави се шансите да заболите од Корона вирусот

Молекуларниот биолог Игор Штагљар, еден од најреномираните хрватски научници кој работи на Универзитетот во Торонто, на Фејсбук објави статус кој се однесува на Коронавирус, објаснувајќи колку е опасен и заразен.

Hrvatski-naucnik-presmeta-kolkavi-se-shansite-da-zabolite-od-Korona-virus-01.jpg

Ја пренесуваме во целост неговата изјава (бројките се однесуваат на денот кога е објавен неговиот статус 25.02.2020):

„Денес, Светската здравствена организација (СЗО) објави дека се регистрирани вкупно 79.300 лица заразени со COVID-19. Од нив, огромното мнозинство, 77.000 се во Кина, од коишто најмногу заразени има во Вухан.

Вухан има население од 11 милиони жители. Да претпоставиме дека сите 77.000 заразени се заразени во Вухан.

77,000/11,000,000 = 0,007 × 100 = 0,7

0,7% од жителите на Вухан се заразени и 99,3% од жителите на овој град НЕ се заразени со вирусот. Зборувам за градот од каде што започна епидемијата!

Исто така, да не заборавиме дека над 10.000 луѓе во меѓувреме се излекуваа. Затоа, ТЕКОВНИОТ број на пациенти не е 79.300, туку 79.300 - 10,000 излечени (и минус 2.500 смртни случаи), т.е. во моментов има нешто помалку од 70.000 заразени, а не 79.300.

Но, што е со смртноста од вирусот Корона?

Доколку имате над 80 години и сте заразени со вирусот COVID-19, шансите да умрете се 14,8%. Што повторно подразбира дека 85,2% од луѓето ќе закрепнат.

Ако сте на возраст помеѓу 50-60 години, имате 1,3% шанси да умрете ако, не дај Боже, сте заразени со вирусот.

За оние кои имаат помалку од 40 години, шансата да го добијат вирусот е 0,2%. 99,8% од младите под 40 години кои ќе се заразат од Корона вирусот ќе закрепнат.

НО, еве ја главната „финта“: само ако се заразиш со вирусот Корона!

Шансата за зараза изнесува само 0,7%, врз основа на речиси 3-месечната појава на изворот на инфекцијата во Вухан. Значи, постојат 99,3% шанси дека вирусот никогаш нема да стигне до вас.

Според преостанатите 0,7%, доколку сте над 85 години, имате 0,7% шанси да го „закачите“ вирусот, ако се заразите имате 14,8% шанса да умрете од него, односно имате вкупно 0,103% шанса да умрете од вирусот. Ова значи дека шансата да не умрете од овој вирус изнесува дури 99,897%!

За 45-годишниците, тие две шанси помножени со износот 0,0028% дека вирусот Корона ќе ги убие. И 99,9972% дека нема.

За 35-годишник, шансата да умре од овој вирус е 0,0014%. А дека нема да умрат е 99,9986%.

Внимавајте, тоа се 0,7% дека воопшто ќе се заразите и потенцијалот од 0,2% да умрете од него доколку сте под 40 години.

Понатаму, запрашајте се, патем, зошто толку малку се споменуваат тие над 10.000 Кинези коишто се веќе излечени од овој вирус? Кому оваа вест не му е интересна и зошто не? Кој живее од тоа да напише што е можно повеќе статии и да ги купи нивните весници?

Патем, Кина има население од 1.386.000.000. Инфицирани се 77.000. од 1,4 милијарди Кинези, што е само 0,0055% од вкупното население.

Ова значи дека во земјата од каде што потекнува вирусот, 99,9945% од популацијата НЕ е заразена и ако наредите 10.000 Кинези, 5 од нив ќе го имаат вирус, а 9.995 не. ЕТЕ колку е заразен вирусот.

Поентата на целата приказна:

Да, опасност постои, но целосно е непотребно да се создава ваква паника. Затоа, апел до медиумите – ве молам малку приберете се. Јасно ми е дека треба да ги продавате вашите весници, да ја зголемите гледаноста, но ова е навистина премногу“.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пар се венчал кога тој имал 17 години, а таа 51 - сега слават 19 години брак По 8 месеци врска, тие се венчале иако со 34 години разлика во години еден од др...
Жена за првпат стана мајка на близначиња на 50 години, по низа спонтани абортуси Го чекала вистинскиот, но не дошол, па од 39-годишна возраст минала години и год...
„Бидете фини еден кон друг“ - Тој има 103 години, таа 100 и прославија 82 години брак Нивната љубовна приказна започнала кога се сретнале во 1935 година, се вљубиле е...

Спонзорирани линкови:

Најчитани неделава