Толпи луѓе со маски и куфери - Како изгледа Вухан по 76 дена целосен карантин? (фото)

По 76 дена целосен карантин, Вухан е ослободен од строгите мерки, а луѓето облечени во заштитни одела и маски, повторно ги преполнија улиците и возовите, но уште се далеку од нормален живот...

Fototolpi-lugje-so-maski-i-kuferi-kako-izgleda-vuhan-po-76-dena-celosen-karantin-foto-001Jet.jpg

Кина целосно го затвори Вухан, кој беше епицентар на корона вирусот, на 23-ти јануари. Заразата започна да се шири во метрополата која има 11 милиони жители, каде беа пријавени повеќе од 50.000 заразени и 2.500 смртни случаи.

Откако епидемијата зема голем замав, Кина го затвори целосно Вухан, фирмите беа затворени, јавниот превоз беше застанат, а жителите беа затворени дома и не излегуваа дури ни за купување намирници.

Со оглед на тоа што Вухан беше епицентарот на заразата, драстичните мерки очигледно беа неопходни, а изгледа покажаа резултат, со што бројките на заразени во Кина се намалуваат, но сепак се далеку од крај на ширење на заразата.

76 дена подоцна, властите решија да ги намалат мерките и полека да почнат да го враќаат во нормала градот, иако велат дека не избрзуваат заради страв заразата да не почне повторно да се шири.

Во изминатите две недели, животот во Вухан постепено се враќаше во нормала, а на оние кои имаат потврда дека се здрави им беше дозволено да се вратат на работа, јавните автобуси и возовите продолжија со служба, а по одреден период продавниците повторно се отворија и жителите повторно ги наполнија улиците.

Сепак, властите уште им укажуваат на граѓаните дека треба да бидат внимателни, да се придржуваат до одредени мерки за заштита и да не излегуваат доколку не е неопходно, бидејќи во оваа ситуација мора да се постапува со посебно внимание, со оглед на тоа што сепак уште не е дојден крајот на заразата во Кина.

Луѓето со куфери подготвени да го напуштат градот по 10 недели, со маски низ улиците на прошетка и во јавен превоз упатувајќи се кон работа - Како изгледа Вухан по 76 дена целосен карантин?

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 луѓе со кои не сакаме да делиме ист воздух (а ги има многу и во Македонија) Дали сте биле сведок на сцена во Скопје каде тркалото од велосипедот останало за...
Љубовта на норвешкиот фудбалер Халанд - на девојката фудбалерка ѝ купи чанта од 380.000 евра, растел... Тие се моќно модно дуо, а нивната љубовна приказна е уникатна – се познаваат од ...
Вознемирувачки сцени: 12 фото-докази од Скопје и светот, во какво лудо време живееме Светот како пред очи да ни оди во неповрат, а ние навистина живееме во лудо врем...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Градска девојка пронајде среќа во животот на село - живее на фарма со сопругот, се породи со 9-тото ... Некогаш балерина и мисица, денес жена што меси леб, молзи крави и е посветена ма...

Најчитани неделава