Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Ти нацртав виножито за да знаеш дека не си сам“ - 5-годишно девојче му напишало слатко писмо на 93-годишен дедо во изолација

Понекогаш се чини дека карантинот го вади најдоброто од луѓето – бидејќи сите сме во „иста каша“, полесно сочувствуваме со другите, повеќе се грижиме за туѓите чувства, но и за здравјето и безбедноста на сите околу нас.

5-godi[shno-devojche-mu-napishalo-stlakot-pism-na-93-godishen-ded-vo-izolacija-01.jpg

Ова го докажува и приказната што ја сподели една учителка.

22-годишната Луиза Меј е наставничка која има 93-годишен дедо. Неделава, таа на Twitter ја сподели можеби најслатката карантинска приказна.

Наводно, нејзиниот дедо, кој е во изолација, добил писмо од неговата сосетка. Она што е интересно е што сосетката има само 5 години и била загрижена за состојбата на дедото.

„Дедо ми има 93 години и сега е во изолација, но е со одлично здравје, и го доби најубавото писмо од неговата 5-годишна сосетка“, стои во објавата на Луиза.

„Здраво, моето име е Кира.

Имам 5 години и морам да останам дома поради корона вирусот. Само сакав да проверам дали си во ред? Ти нацртав виножито за да те потсетам дека не си сам. Те молам пиши ми ако можеш.

Од твојата сосетка во стан 9“, напишало загриженото девојче.

5-godi[shno-devojche-mu-napishalo-stlakot-pism-na-93-godishen-ded-vo-izolacija-02.jpg

Дедото, пак, го израдувал малото девојче со одговор:

„Здраво Кира, ми беше драго што ја добив твојата порака каде што ме прашуваш за моето здравје, и со задоволство сакам да ти кажам дека досега сум добро. Како тебе, и јас сум во изолација, па добро е да се слушне дека се грижиш за мене.

Моето име е Рон и имам 93 години и сум првата личност која се всели овде во 1955-та, и живеам овде оттогаш. Ситуацијата со корона вирусот е многу лоша и мораме да го дадеме најдоброто од нас за да ја надминеме и со надеж да излеземе од неа со добро здравје.

Сметам дека твојот цртеж со виножито е неверојатен и ќе го поставам на прозорецот за луѓето да можат да го видат.

Сакам уште еднаш да ти се заблагодарам што ми напиша писмо и се надевам дека наскоро ќе можеш да излезеш од изолација“, напишал дедото во неговиот одговор.

5-godi[shno-devojche-mu-napishalo-stlakot-pism-na-93-godishen-ded-vo-izolacija-03.jpg

Изгледа сите можеме да научиме нешто за емпатијата од ова мало девојче.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„Јас и сопругот сме нудисти – луѓето мислат дека организираме развратни забави, но тоа не е точно“ Неколку нудисти, вклучувајќи и брачен пар, откриваат кои митови за нивниот начин...
Наставник бил фатен како гледа филмови за возрасни за време на час - си дал отказ По 40 години работа како професор, Русин морал да си даде отказ откако заборавил...
„Мајка ми живее со мене откако се породив, готви и се грижи да сум наспана - не сакам да си оди“ „Се будеше во 5:30 и почнуваше со својата рутина. За појадок ми правеше чај од ц...
„Што трпат децата заради нереализираните мајки?“ - Девојче во солзи вежба ритмичка гимнастика „Моето храбро девојче“ – напиша гордата мајка до видеото на кое што се гледа как...
3-годишно девојче од Гана стана интернет сензација - плете совршени плетенки со малите рачиња (видео... Лордина Ненси од Гана е девојче со златни раце... Сама научила да плете плетенки...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg