„Што трпат децата заради нереализираните мајки?“ - Девојче во солзи вежба ритмичка гимнастика
- Детали
- среда, 05 јуни 2024
„Моето храбро девојче“ – напиша гордата мајка до видеото на кое што се гледа како нејзината ќерка вежба ритмичка гимнастика. Освен неа, плачат и другите девојчиња во позадина, а тоа ги разгневи оние кои го изгледаа видеото.

Екатерина Петрова е 5-годишно девојче од Русија кое напорно вежба ритмичка гимнастика, а доказ за нејзиниот талент се големиот број дипломи и освоени трофеи.


Нејзината мајка, сакајќи да покаже дека зад успесите стои само труд и напорна работа, на Инстаграм објави видео на кое се гледа како девојчето во солзи вежба за да го истегне телото, а плачат и другите девојчиња околу неа.
„Моето храбро девојче“ – напиша мајката.
Но, коментарите до видеото воопшто не се позитивни и голем број родители не се согласни дека ова е оправдано.
„Ова е жалосно и бесчувствително“;
„Ова е злоупотреба, гледате ли дека сите деца плачат“

„Која е поентата на ова, ако детето плаче?“;
„Типичен пример за мајки што сакаат децата да им ги исполнат соништата. Тоа се фрустрирани родители што сакаат да го исполнат сопствениот живот преку болката на детето“ – стои во дел од коментарите.

На ТикТок страната на тренерот на девојчето се објавени повеќе видеа каде следбениците ја прашуваат зошто ги малтретира девојчињата толку многу, а таа само објави видео на кое се гледа дека по напорните тренинзи малата Екатерина постигнува неверојатни успеси на натпреварите.
@proudkeronians Replying to @hayuta426 #duet #foryou #ALLSTARS #tiktokviral #foryourpage #officialandyke🇰🇪 #patinajedecarreras #skate #syncro #hank #ugandanstiktok #ugandanstiktok #mikeyvsdrcephco #hank #CapCut #syncro #skate
♬ original sound - 👊 THE KERONIZ 🔥🌏
Што мислите вие? Во ред ли е децата од најмала возраст да трпат вакви напорни тренинзи за да ги исполнат своите соништа и дали се тоа соништа на децата или на родителите?
Погледнете уште неколку фотки од Екатерина во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело