Грција поделена на 3 зони на ризик - омилените летувалишта на Македонците се безбедни

Грчката влада започна со посебна подготовка за туристичката сезона. Земјата е поделена на три зони на ризик врз основа на достапноста на здравствените установи и капацитетите за тестирање и лечење од вирусот Ковид-19.

grcija-podelena-na-tri-zoni-na-rizik-omilenite-letuvalista-na-makedoncite-se-bezbedni-01.jpg

Трите зони на ризик од Ковид-19 се следни:

Зона А или зона со низок ризик:

Ги опфаќа копнените делови од Грција и островот Крит каде постои развиен здравствен систем и од сите дестинации има лесен пристап до здравствени установи – истите се оддалечени максимално два часа со брод или автомобил. На оваа зона припаѓаат и островот Евија и островите Егина, Порос, Агистри, Хидра и Спецес (најблиски до Атина).

Тука се секако вклучени летувалиштата на Халкидики и областа Пиериа. 

grcija-podelena-na-tri-zoni-na-rizik-omilenite-letuvalista-na-makedoncite-se-bezbedni01.jpg

Зона Б или зона со умерен ризик:

Ги опфаќа островите Санторини, Парос и Родос како и Североисточните Егејски острови (Хиос, Самос, Икариа, Лимнос, Лезбос).

grcija-podelena-na-tri-zoni-na-rizik-omilenite-letuvalista-na-makedoncite-se-bezbedni02.jpg

Зона Ц или зона со висок ризик:

Островите и дестинациите кои имаат само основна здравствена инфраструктура или ја немаат воопшто. На овие дестинации Ковид-19 ќе се санира со помош на пловечки медицински единици организирани од Националната организација за јавно здравје.

grcija-podelena-na-tri-zoni-na-rizik-omilenite-letuvalista-na-makedoncite-se-bezbedni01_1.jpg

Во меѓувреме, Националниот центар за итна помош, почна со спроведување на својот акционен план за островите нарачен S.A.F.E., чија цел е да се осигура подготвеност на болниците, здравствените домови, регионалните и островски клиники, крајбрежната стража. Властите обезбедуваат обука на сите здравствени работници за корона вирусот.

Прочитајте и како изгледа заштитата на грчките плажи од Ковид-19.

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Евакуирани околу 12.000 туристи, најпознатиот туристички град изгоре до темел – Апокалиптични фотки ... На фотките од пред и потоа може да се види дека историскиот град Лахајна на Хава...
„Моите деца се родија со 24 дена разлика – по 2 спонтани абортуси, останав бремена во исто време со ... „Лекарот ми рече дека немам потреба од ин витро. Јас останував бремена и не ми т...
Девојче (8) згазна на отровна риба-змеј во Грција: „Болката беше неподнослива, не престануваше да вр... „Моето дете од 8 и пол години згазна на риба-змеј, која има отровни боцки. Спасу...
Го сместија во затвор со поглед на островот Утоја каде уби 69 луѓе, се жали на нехумани услови – Как... Андерс Брејвик 11 години е во екстремна изолација и нема контакт со други луѓе о...
„Ѝ го ризикуваш животот“ - Мајка ја однела 10-месечната ќерка на фестивал за метал музика и стана ме... „На некои луѓе не им е јасно колку метеж има и колку опасен може да биде овој фе...
„Мајка им е мртва, но тие се спасени“ - Приказната за дечињата кои преживеаја 40 дена во џунгла потп... Во петокот (09.06) четири дечиња на возраст од 1 до 13 години беа спасени откако...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg