Први фотки од изолирано племе во Амазонија – Чуваат черепи од животни на дрвја, немаат контакт со надворешниот свет

Народот Масако живее во Амазонската прашума во Бразил и неодамна организацијата што го штити објави први фотки од племето направени одблиску. Народот живее примитивно, лови со копја и е еден од ретките кои немаат никаков контакт со надворешниот свет.

prvi-fotki-od-izolirano-pleme-vo-amazonija-chuvaat-cherepi-od-zhivotni-na-drvja-nemaat-kontakt-so-nadvoreshniot-svet-012.jpg

Малку места во светот останале недопрени од човекот. Уште помалкубројни се племиња и заедници кои немале апсолутно никаков контакт со надворешниот свет.

Едно вакво племе од народ нарекуван Масако се наоѓа во Амазонската прашума на територија на Бразил.

Името на народот е инспирирано од реката која минува низ местото каде што живеат, но не е познато како се нарекуваат самите.

prvi-fotki-od-izolirano-pleme-vo-amazonija-chuvaat-cherepi-od-zhivotni-na-drvja-nemaat-kontakt-so-nadvoreshniot-svet.jpg
Дел од првите фотографии од племето направена со автоматска камера

Изолираното племе е заштитено од бразилските власти кои имаат поставено забрана за приближување во областа каде што живеат.

Некогаш, Бразилската фондација за домородно население му помага на племето, оставајќи им орудија, како секири.

Но, никако не стапуваат директно во контакт со нив од низа причини, најмногу за да не ги изложат на ризик од болести за кои тие немаат стекнато имунитет.

Секако, важно е да се зачува и нивниот начин на живот кој во модерниот свет е уникатен.

prvi-fotki-od-izolirano-pleme-vo-amazonija-chuvaat-cherepi-od-zhivotni-na-drvja-nemaat-kontakt-so-nadvoreshniot-svet-3.jpg

Скоро секој аспект од животот на народот Масако е мистерија за нас – не знаеме каков јазик зборуваат, дали имаат религија, ниту каква е нивната социјална структура.

Единствено е забележано дека за разлика од 1990-тите, сега племето е поголемо и брои од 200 до 250 луѓе.

Сепак, со помош на автоматски камери поставени во џунглата, Бразилската фондација за домородно население успеа да ги направи првите фотки од племето.

prvi-fotki-od-izolirano-pleme-vo-amazonija-chuvaat-cherepi-od-zhivotni-na-drvja-nemaat-kontakt-so-nadvoreshniot-svet-05.JPG

На фотографиите, кои се направени во февруари 2024, но беа споделени во јавност дури сега, се гледаат група мажи кои ги собираат орудијата оставени од Фондацијата.

Од Фондацијата им оставаат орудија не само за да им помогнат, туку и за да ги спречат да излезат од нивната територија во потрага по алати и слично, и со тоа да се изложат на ризик.

Автоматските камери, пак, се поставени на неколкуте локации на кои им ги оставаат орудијата.

Од Фондацијата го следат племето со помош на сателити, а претходно имаат фотографирано нивни напуштени живеалишта.

prvi-fotki-od-izolirano-pleme-vo-amazonija-chuvaat-cherepi-od-zhivotni-na-drvja-nemaat-kontakt-so-nadvoreshniot-svet-2.JPGНапуштено живеалиште на племето

Од досегашните истражувања, откриено е дека племето лови со копја долги и до три метри, како и дека си го менуваат живеалиштето во зависност од сезоната.

prvi-fotki-od-izolirano-pleme-vo-amazonija-chuvaat-cherepi-od-zhivotni-na-drvja-nemaat-kontakt-so-nadvoreshniot-svet-06.JPGНапуштено живеалиште на племето

prvi-fotki-od-izolirano-pleme-vo-amazonija-chuvaat-cherepi-od-zhivotni-na-drvja-nemaat-kontakt-so-nadvoreshniot-svet-07.JPGКопја фотографирани во напуштено живеалиште во 2019 година

Се штитат од непознати така што закопуваат стотици мали дрвени боцки во земјата.

prvi-fotki-od-izolirano-pleme-vo-amazonija-chuvaat-cherepi-od-zhivotni-na-drvja-nemaat-kontakt-so-nadvoreshniot-svet-02.JPGДрвените боцки што ги закопуваат во земја

Забележано е и дека имаат обичај да редат черепи од животни на дрвја, но не е познато од која причина.

„Сега, со новите детални фотографии, можеме да забележиме дека изгледаат слично како домороден народ во Боливија. Сепак, не можеме со сигурност да кажеме кои се.

Обвиени се со мистерија“, вели експерт од Фондацијата кој неколку децении работи на заштита на живеалиштето на племето.

prvi-fotki-od-izolirano-pleme-vo-amazonija-chuvaat-cherepi-od-zhivotni-na-drvja-nemaat-kontakt-so-nadvoreshniot-svet-15.JPGТотем од черепи забележани во близина на напуштено живеалиште на племето

Во Амазонската прашума има околу 60 народи кои немале контакт со надворешниот свет и сите се заштитени.

Заштитата е воведена од 1980-тите, откако обид за контактирање на домородно население поттикнат од властите завршил кобно – починале 90% од луѓето кои биле контактирани.

prvi-fotki-od-izolirano-pleme-vo-amazonija-chuvaat-cherepi-od-zhivotni-na-drvja-nemaat-kontakt-so-nadvoreshniot-svet-04.JPGДупка за која се верува дека е направена од племето

prvi-fotki-od-izolirano-pleme-vo-amazonija-chuvaat-cherepi-od-zhivotni-na-drvja-nemaat-kontakt-so-nadvoreshniot-svet-09.JPGЕден од начините на кои племето веројатно складира храна

Главната причина за смртта биле болести за кои домородното население нема имунитет.

На сличен начин се заштитени народи и во Перу, Колумбија, Еквадор и Боливија.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фотки од последното летување на принцезата Дијана – далеку од кралските правила, ужива во ретки моме... Стилска, безгрижна и совршена без разлика дали е во костим за капење или облека ...
Абортирала поради него, ја терал да спие со Ерос Рамацоти за да направи еротски фотки - Бурната љубо... Поранешниот сопруг, познат и како „крал на папараците“ во Италија, продавал нејз...
Порано се срамела, сега гордо го покажува – Девојката со најширок јазик во светот Во детството ја исмејувале и луѓето постојано ѝ коментирале за широкиот јазик, п...
„Се разведов по 30 години, ги оставив децата и се преселив на другиот крај од светот – првпат се чув... Штом нејзините деца завршиле средно, Синди од САД сфатила дека е уморна од својо...
Вознемирувачки сцени: 12 фото-докази од Скопје и светот, во какво лудо време живееме Светот како пред очи да ни оди во неповрат, а ние навистина живееме во лудо врем...
Татко го фрла синот (7) од висока карпа во вода - видео што го разлути светот и ги подели мислењата „Ова изгледа страшно, овој татко е премногу груб кон детето“... се некои од осуд...

Најчитани неделава