Грција оди во 3-неделен карантин: За итно излегување од дома треба да се пријават, забрането движење меѓу региони

(05.11.2020) Агресивното ширење на заразата го натера премиерот Кирјакос Мицотакис порано да преземе рестриктивни мерки со цел да се спречи оптоварувањето на здравствениот систем и да се стави заразата под контрола, така што повторно ги затвараат сите објекти на национално ниво, освен оние кои се неопходни за граѓаните.

grcija-odi-vo-3-nedelen-karantin-za-itno-izleguvanje-od-doma-treba-da-se-prijavat-zabraneto-dvizhenje-megju-regioni-01.jpg

„Уште еднаш, одбирам да преземам мерки порано, подобро отколку подоцна.“ – изјавил премиерот, велејќи дека агресивното ширење го натерало на оваа одлука, предложена од Комисијата професионалци.

grcija-odi-vo-3-nedelen-karantin-za-itno-izleguvanje-od-doma-treba-da-se-prijavat-zabraneto-dvizhenje-megju-regioni-02.jpg

Од сабота, сите продавници, локали и бутици ќе бидат затворени, патувањето и движењето помеѓу региони е забрането, а властите ќе го претстават новиот систем кој ги обврзува граѓаните да испраќаат пораки до владини броеви доколку треба да го напуштат домот за работа, училиште, посета на супермаркет, аптека, болница или вежбање.

Средните училишта ќе бидат затворени и ќе се учи онлајн, а градинките и основните училишта ќе останат отворени.

Премиерот најавил дека владата финансиски ќе ги поддржи граѓаните кои ќе бидат погодени од новиот „локдаун“ (затворање) на национално ниво, а детално планот ќе биде презентиран подоцна во текот на денот.

М. М. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
„Зависна сум од солариум – ми се појавија чудни израстоци на кожата, но сепак одам секој ден“ Млада Британка за себе вели дека е зависна од солариум и оди секој ден по 30 мин...
Сите љубовници на Адолф Хитлер - Бирал двојно помлади девојки, една му родила син, внуката се убила ... Приказната за љубовта на Адолф Хитлер и Ева Браун е позната на сите, но малкумин...
„Сакај повторно“ - Дечко ѝ оставил потресно писмо на саканата откако се самоубил - со години му била... „Кога првпат го прочитав писмото, си помислив: ‘Што по ѓаволите е ова?’. На поче...
Мајка-херој од Англија загинала за да ја спаси 5-годишната ќерка – гранка од дрво паднала врз неа до... Мајка од Англија шетала во парк со својата ќерка, кога се откршила гранка од дрв...

Најчитани неделава