Бет Хармон од реалноста – Која е Александра Ботез, шахистката што почнала да игра на 6 години?

Александра Ботез е шахистка со 215.000 следбеници на Инстаграм, која почнала да игра шах на 6 години благодарение на татко ѝ, а фановите ја нарекуваат Бет Хармон од реалноста, по главната улога во хит серијата The Queen’s Gambit, иако нема големи сличности со неа.

bet-harmon-od-realnosta-koja-e-aleksandra-botez-shahistkata-shto-pochnala-da-igra-na-6-godini-01.jpg

Серијата The Queen’s Gambit која ја следи приказната за животот на шахистката Бет Хармон, стана хит за многу кратко време откако беше објавена, а шахот повторно ја доби својата популарност благодарение на оваа серија.

bet-harmon-od-realnosta-koja-e-aleksandra-botez-shahistkata-shto-pochnala-da-igra-na-6-godini-02.jpg

Сепак, приказната не е инспирирана од реален лик, па сега многумина ја поистоветуваат Александра Ботез, како Бет Хармон од реалноста.

Александра е по потекло од Романија, каде постои голема шаховска култура, а нејзините родители мигрирале во Канада, каде што таа пораснала. Сега таа живее во Тексас.

Почнала да игра шах кога имала 6 години, благодарение на нејзиниот татко, кој се кладел со нејзината мајка, дека по само 2 недели учење, таа ќе успее да ја победи мајка си.

bet-harmon-od-realnosta-koja-e-aleksandra-botez-shahistkata-shto-pochnala-da-igra-na-6-godini-03.jpg

Кога Александра ја победила нејзината мајка во шах, нејзиниот татко продолжил да ја тренира за натпреварувања, а две години подоцна учествувала во националното првенство, каде го освоила првото место.

Оттогаш, младата шахистка има освоено 6 национални првенства во категорија женски на нејзина возраст.

Слично како и хероината од омилената серија, така и Александра била опседната со шахот и целосно се фокусирала на оваа игра и на нејзините тренинзи.

bet-harmon-od-realnosta-koja-e-aleksandra-botez-shahistkata-shto-pochnala-da-igra-na-6-godini-04.jpg

Кога се запишала во средно училиште, таа почнала почесто да патува за натпреварувања во шах, се дружела со луѓе што постојано играат шах и тоа бил нејзиниот цел свет.

Александра честопати се соочува и со сексистички коментари, за светските медиуми изјавува дека луѓето многупати мислат дека играта ќе биде лесна затоа што противникот е од женски пол, а во таквите ситуации се труди да не дозволи овие зборови да си поиграат со нејзините мисли.

Иако Бет во серијата постигнува многу поголеми успеси на светско ниво, сепак фановите на Александра сакаат да ја споредуваат со омилената хероина од хит серијата. 

bet-harmon-od-realnosta-koja-e-aleksandra-botez-shahistkata-shto-pochnala-da-igra-na-6-godini-06.jpg

Фотки од Александра Ботез:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
„Се вљубив во воин од племе во Кенија – ги оставив сопругот и децата за него, но направив огромна гр... Додека била на одмор во Кенија, жена од Англија се вљубила во воин од племето Ма...
„Зависна сум од солариум – ми се појавија чудни израстоци на кожата, но сепак одам секој ден“ Млада Британка за себе вели дека е зависна од солариум и оди секој ден по 30 мин...
„На 15 години ме праќаа во хотели за топлес да ме сликаат мажи“ - Манекенка за темната страна на про... „Понекогаш среќавав убаво облечени мажи во нивните канцеларии, а понекогаша сред...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg