Загриженост на семејството за бојата на кожата на бебето, тајна венчавка – Што сè открија Меган и Хари во шокантното интервју кај Опра?

Меган имала суицидни мисли, со Хари направиле тајна венчавка 3 дена пред прославата за јавноста, не добивале финансиска поддршка од кралското семејство, а палатата била загрижена дека Арчи ќе има премногу темна боја на кожата - Меган и Хари открија шокантни детали во интервјуто кај Опра. 

zagrizhenost-na-semejstvoto-za-bojata-na-kozhata-na-bebeto-tajna-venchavka-shto-se-otkrija-megan-i-hari-vo-shokantnoto-intervju-kaj-opra-01.jpg

Откако си заминаа од кралското семејство, Меган Маркл и принцот Хари се соочија со бројни критики, гласини, но и многу лаги кои беа споделувани за нив.

Сега парот реши да ја сподели нивната верзија на приказната, откривајќи многу детали за кралското семејство и животот во палатата.

Што сè открија Меган и Хари во интервјуто на Опра, кое уште не е објавено онлајн:

Полот на нивното дете

Додека зборуваа за нивниот живот во Калифорнија, парот откри дека очекуваат девојче. Пред да ги соопштат вестите за бременоста, Меган откри дека имала спонтан абортус, а сега и двајцата биле возбудени, но и благодарни што ќе имаат ќерка.

View this post on Instagram

A post shared by Oprah Daily (@oprahdaily)

Кејт ја расплакала Меган, а не обратно

По венчавката на Хари и Меган британските медиуми пренесоа дека Меган ја расплакала Кејт, наводно бидејќи имале несогласување во врска со фустаните на девериците. Сега Меган откри дека се случило спротивното:

„Таа ме расплака мене. Не го кажувам ова за да омаловажам некој, бидејќи неделата пред свадбата беше многу тешка, а Кејт беше разочарана за нешто. Но, ја прифати вината, ми се извини и ми донесе цвеќе со картичка со извинување. Сметам дека не е фер кон неа да навлегувам во детали бидејќи се извини, а јас ѝ простив“.

Меган откри дека била шокирана кога приказната стигнала до медиумите, а сподели и дека смета дека Кејт е добра личност, но јавноста како да сака да ги сврти една против друга.

„Медиумите сакаат приказна за херој и негативец. Ако ме сакате мене, не мора да ја мразите неа. Ако ја сакате неа, не мора да ме мразите мене“.

zagrizhenost-na-semejstvoto-za-bojata-na-kozhata-na-bebeto-tajna-venchavka-shto-se-otkrija-megan-i-hari-vo-shokantnoto-intervju-kaj-opra-04.jpg

Меган се чувствувала заробена во палатата и помислувала на самоубиство

Меган почнала да се соочува со самоубиствени мисли и се чувствувала заробено во палатата.

„Не сакав да бидам жива – ова беше постојана и заплашувачка мисла“, изјави Меган.

Таа откри дека на почетокот ѝ било страв да му каже на Хари, но сфатила дека очајно ѝ е потребна помош. Меган сподели дека во 2019-та, кратко откако му го кажала ова на Хари, морала да присуствува на концерт во Ројал Алберт Хол, а секојпат кога ги исклучувале светлата таа плачела.

„Се сеќавам, Хари ми рече дека не може да одам, но јас му реков дека не можам да останам сама“.

zagrizhenost-na-semejstvoto-za-bojata-na-kozhata-na-bebeto-tajna-venchavka-shto-se-otkrija-megan-i-hari-vo-shokantnoto-intervju-kaj-opra-3.jpg

Расистички коментари од кралското семејство за Арчи

Кралското семејство било загрижено за бојата на кожата на Арчи, односно разговарале за тоа колку би била темна неговата кожа и што би значело тоа за семејството.

Во палатата се зборувало за тоа Арчи да не добие титула принц, да нема никакво обезбедување, па дури и за проблемите кои би настанале ако тој се роди со потемна кожа.

И Меган и Хари биле соочени со вакви расистички коментари од палатата, но не сакаа да откријат кој стои зад нив.

Хари престанал да добива финансиска поддршка од семејството

Принцот Хари откри дека штом си заминале со Меган, повеќе не добивал финансиска поддршка од семејството. Тој период, тој ги имал само парите што му ги оставила мајка му, принцезата Дијана, кои им помогнале да се преселат во Калифорнија.

Принцот откри дека морал да потпише милионски договори со Netflix и Spotify:

„Само сакав да имам доволно пари за моето семејство да биде безбедно“, открива принцот.

Меган и Хари се венчале во тајност, пред големата кралска венчавка

Хари и Меган се венчале во тајност, три дена пред големата кралска венчавка, за која Меган вели дека била само шоу за јавноста. Тие го викнале истиот свештеник кој ги венча на официјалната церемонија, и го замолиле да ги венча во тајност.

На овој настан немало никој друг освен нив двајцата и свештеникот и не е познато дали некој од кралското семејство знаел за ова пред интервјуто.

zagrizhenost-na-semejstvoto-za-bojata-na-kozhata-na-bebeto-tajna-venchavka-shto-se-otkrija-megan-i-hari-vo-shokantnoto-intervju-kaj-opra-05.jpg

Хари е разочаран од неговиот татко, но смета дека тој и Вилијам се заробени

Принцот Хари изјави дека секогаш ќе го сака Чарлс, но нагласи дека е разочаран од него. За Вилијам, пак, сподели дека секогаш ќе го сака и цени, но дека тие веќе одат по различни патишта.

Кога Хари му соопштил на татко му за планот да го напуштат семејството со Меган, Чарлс извесно време воопшто не му враќал на повиците. Сега малку го подобриле односот, но Хари вели дека уште треба да работат на тоа.

„Се чувствувам предадено бидејќи тој поминал низ нешто слично и добро ја знае таа болка. Но, истовремено, секако дека секогаш ќе го сакам, но се случија многу непријатни работи и приоритет ми е да го подобрам односот со него“.

Принцот сподели и дека отсекогаш се чувствувал заробено од „институцијата“ во која бил роден и ако не ја запознаел Меган, веројатно засекогаш ќе останел таму. Како што вели самиот, Меган му ги отворила очите и го натерала да сфати дека е заробен.

„Татко ми и брат ми се заробени. Тие немаат можност да си заминат, а јас им покажувам сочувство за тоа“.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Баба му на Чарлс двапати го победила ракот и живеела до 101 година – Дали болеста е „проклетството“ ... Баба му имала две операции заради рак, а двајца дедовци биле „покосени“ од болес...
Татко си е татко: Чарлс му прости на Хари и го прими на 45 минути, но Вилијам нема намера да го види „Хари со душа чекал да добие покана од Вилијам за да преноќи кај него, но намест...
Маж се вљубил во жена со џуџест раст - свекрвата не сакала да ја прифати затоа што е висока колку 2-... „Ако Брајан е среќен со тебе и ако се сакате, јас сум пресреќна“. Со овие зборов...
Колку се чести нападите од ајкули во Египет (и што да правите ако сте нападнати)? Се чини дека секое лето во Египет има напад од ајкули, но важно е да знаете дека...
„Ангелот на смртта“ - Жена од САД отворила клиника за гладни деца во Уганда, ги лекувала без лиценца... Тврдејќи дека била испратена на мисија од Бог, Американката Рене отворила клиник...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg