Непристојни понуди, тајни врски: Стјуардеса открива како е да се работи во приватните авиони на богатите

По сѐ изгледа сексот во воздух, сексуалните услуги како дел од работни задачи и неверојатните барања на богатите не се само измислица од книгите и филмовите. Стјуардеса објави мемоари во кои ги раскажува вистинските случувања од нејзиното работно место.

Od-seks-vo-vozduh-do-grizza-za-bilingvalen-papagal-stjuardesa-opishuva-kako-izgleda-rabotata-na-privaten-avion-01.jpg

Стјуардеса која со години работи на приватни авиони открива приказни за сè она што се случувало илјадници метри во височините додека работела за нејзините богати работодавачи. Таа објави мемоари под уметничкото име Саскија Сван, со цел да го заштити сопствениот идентитет, но и кариерата како стјуардеса.

Od-seks-vo-vozduh-do-grizza-za-bilingvalen-papagal-stjuardesa-opishuva-kako-izgleda-rabotata-na-privaten-avion-02.jpg

Како што појаснува, претходно шест години работела за поскромна плата за една од најпознатите авионски компании, а потоа по една случајна средба во бар во Лондон ѝ се укажала можност да почне да работи како стјуардеса на луксузен приватен авион. 

Мемоарите насловени Above And Beyond: Secrets Of A Private Flight Attendant таа ги напиша заедно со Никола Стоу, а во нив опишува како навлегла во светот на олигарсите и милијардерите, каде хостесите носат Прада, а „лудориите“ не се резервирани само за луксузните кабини, туку и во самата пилотска кабина.

Od-seks-vo-vozduh-do-grizza-za-bilingvalen-papagal-stjuardesa-opishuva-kako-izgleda-rabotata-na-privaten-avion-03.jpg

Рускиот милијардер што очекувал секс

Таа вели дека претходно потпишала осум договори за заштита на приватноста пред да ѝ биде понудено првото вработување за руски милијардер, каде ѝ биле понудени неверојатни 46.000 евра годишна заработка. 

Ова донело големи промени во нејзиниот живот. Таа почнала да ужива во раскошниот живот – патувањата биле во луксузни места, на себе носела дизајнерска облека, престојувала во хотели со пет ѕвезди, а дневно имала џепарлак од околу 100 евра.

Но, оваа работа имала и маани. Таа ги раскажува случувањата, но во книгата имињата на нејзините работодавачи и на другите личности се сменети.

Od-seks-vo-vozduh-do-grizza-za-bilingvalen-papagal-stjuardesa-opishuva-kako-izgleda-rabotata-na-privaten-avion-04.jpg

Иако била информирана дека ќе патува заедно со сопругата на нејзиниот газда Ирина и нивните две деца, таа наскоро дознала дека тој има тајна. Во една пригода, откако Саскија го придружувала семејството на патување од Истанбул во Лос Анџелес, газдата Павел веднаш штом се поздравил со неговата сопруга, на Саскија ѝ наредил да ги исчисти сите докази што би укажувале дека сопругата била присутна.

Таа се ослободила од работите на сопругата (тоалетни чанти, чевли, книги и чешли), за неколку моменти подоцна да биде задолжена да ја пречека љубовницата на милијардерот - Савана.

На Саскија ѝ било речено: „Не смее да има едно влакно на Ирина во авионот. Савана е русокоса. Ако забележи едно кафеаво влакно ќе се сомнева дека Павел ја изневерува. Може сите да настрадаме поради тоа“.

Откако Савана и Павел поминале неколку часа во интимен однос, Саскија раскажува како Савана која била заедно со Павел цели три години и два месеци, почнала да прашува зошто тој не сака да се ожени со неа.

Таа раскажува како тој ја носел љубовницата насекаде – во Париз, Хонгконг, Сиднеј, Холивуд – а сепак, таа кога и да спомнела да ја однесе во неговиот дом во Москва за да ги запознае неговите родители, тој почнувал да наоѓа изговори.

Уплашена дека ќе биде отпуштена, Саскија направила сè за да се смени темата на разговор. Сепак, наскоро потоа дознала дека Павел бил „женкар“ што очекувал „екстра“ третман и од неговите стјуардеси.

Od-seks-vo-vozduh-do-grizza-za-bilingvalen-papagal-stjuardesa-opishuva-kako-izgleda-rabotata-na-privaten-avion-05.jpg

Таа се пристетува како на едно патување во Њујорк каде, слично како што била предупредена од колегите, добила порака во 5 часот попладне.

Претходно била предупредена дека ако не спие со Павел, може да смета дека ја загубила работата затоа што тоа е „дел од работните задачи“. Таа вели дека со оглед на тоа што во тоа време имала долгови во износ од 24.000 евра, ја прифатила поканата за вечера со нејзиниот газда, но претходно плачела.

Вечерта ѝ бил доставен фустан и дијаматски ѓердан, а потоа со луксузен Мерцедес била однесена во угледен ресторан во Медисон Парк. По луксузната вечера Павел со приватен лифт ја однел Саскија во неговиот Пентхаус апартман, кој бил декориран со раскошни лустери и луксузни стаклени балкони.

По вечерата што вклучувала кавијар, школки и јастог и скап шампањ, Саскија вели дека работите следеле сами по себе.

„Танцувавме, а тоа продолжи во секс, на тепихот, помеѓу остатоците храна. Неизбежен мисионерски секс. Сигурна сум дека имаше земено Вијагра… Ги затворив очите и го оставив да продолжи“ – пишува таа.

„Проститутка. Ѓубре. Зборовите се појавуваа како на картички пред моите очи кога се разбудив, гола, мамурна и сама во креветот на Павел“ – вели таа и додава дека иако се разбудила во еден од најекстравагантните хотелски апартмани, сепак се чувствувала мошне евтино.

По ова вели дека иако се чувствувала виновно кога требало да работи пред сопругата на милијардерот, сепак поради големите долгови и стравот дека ќе ја загуби работата, сексот за една ноќ преминал во афера.

„Така мојата рутина продолжи, со неговите повици во пет часот и секс под раскошни лустери, со добро вино и уметничките дела на Моне, Пикасо, Матиз“ – вели таа.

Саудиски принц кој имал секс со љубовницата во воздух

По три години Саскија почнала да работи за саудискиот принц Хусеин, каде продолжило искуството со тајни афери.

На ова работно место ѝ било речено: „Само неколку ливчиња од бели рози за принцезата. За другите жени секогаш црвени рози – и тоа колку може повеќе ливчиња“.

Od-seks-vo-vozduh-do-grizza-za-bilingvalen-papagal-stjuardesa-opishuva-kako-izgleda-rabotata-na-privaten-avion-06.jpg

Таа се присетува на времето кога го фатила принцот како има секс со неговата љубовница Сабеен па вели:

„Тие беа под ќебето од кашмир, облеката беше расфрлана на подот, а она што ми изгледаше како танга беше стуткана на масата веднаш до закуската. За среќа беа во мисионерска поза и свртени кон опашката на авионот, па не ме видоа“.

Нејзе ѝ било речено дека работењето за Хусеин значи дека е на безбеден авион, што со други зборови значело дека принцот не очекувал услуги од стјуардесите.

Таа во нејзините мемоари исто така опишува како била изненадена кога уште за првото работно место добила дизајнерска облека.

Исто така, опишува како работата ѝ овозможила да посети повеќе места во светот, но и ја ставила во некои интересни ситуации, како миговите кога требало да се грижи за билингвален папагал или сијамска мачка што имала сопствена маска за кислород, во случај да затреба.

Билингвалниот папагал Феликс имал свој мал кафез закачен на седиштето, за да може да стигне до масата за вечера. Додека танцувал во својот кафез на германски јазик повторувал дека бара за вечера да му бидат послужени компири.

Саскија за сите случувања поврзани со нејзиното работно место говори во книгата Above And Beyond: Secrets Of A Private Flight Attendant. Ова се само некои од повпечатливите моменти од нејзината кариера.

Б. С. Б. | Црнобело / фото: Freepik

Би можело да ве интересира:

„На 16 години бев бездомник, спиев на улица, сакав да си го одземам живот - сè се смени кога ме прим... Клои Помфрет пораснала во згрижувачки дом, а станала бездомник на 16 години. Спи...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„По 8 спонтани абортуси конечно добив син – сопругот ја продаде колекцијата патики за да платиме ин-... „Не бев сигурна дека некогаш ќе добијам бебе, а сега го држам во раце“ – вели же...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg