„Потрошив 50.000 долари на тетоважи, членовите на моето семејство ме отфрлија, а други ме прашуваат дали сум нормален“

„Го сакам процесот на тетовирање и не планирам да се откажам“ – открива овој 28-годишен маж кој вели дека поради неговите тетоважи во целост загубил контакт со некои членови од семејството, а на интернет честопати е жртва на негативни критики и коментари.

potroshiv-50-000-dolari-na-tetovazhi-chlenovite-na-moeto-semejstvo-me-otfrlija-a-drugi-me-prashuvaat-dali-sum-normalen-01.jpg

Сорен Лоренсон (28) од САД потрошил над 50.000 долари и има над 200 тетоважи на целото тело, со цел да наликува на вистински демон. Сепак, поради уметноста на неговото тело вели дека голем дел од членовите на неговото семејство го отфрлиле.

Сорен пред 10 години (на возраст од 18 години) ја направил првата тетоважа која се наоѓа околу папокот.

„Еден пријател ми рече дека тоа е најболното место за тетоважи и сакав прво да ги поминам тие места“ – вели тој.

potroshiv-50-000-dolari-na-tetovazhi-chlenovite-na-moeto-semejstvo-me-otfrlija-a-drugi-me-prashuvaat-dali-sum-normalen-02.jpg

По оваа тетоважа Сорен направил пауза од една година, а потоа речиси секоја недела се враќал за да додаде нова уметност на своето тело. Денес тој има околу 200 тетоважи: целото лице му е прекриено, а дури ги обоил и очите со црна боја.

Сепак, цената што тој ја платил за да го промени во целост сопствениот изглед е многу голема и не се однесува само на финансиите. 

Тој потекнува од мошне религиозно семејство, а вели дека мајка му и татко му не ги оправдуваат неговите одлуки.

potroshiv-50-000-dolari-na-tetovazhi-chlenovite-na-moeto-semejstvo-me-otfrlija-a-drugi-me-prashuvaat-dali-sum-normalen-03.jpg

Неговите баба и дедо и поширокото семејство воопшто не разговараат со него.

„Ги гледам баба ми и дедо ми еднаш годишно и тие не ме оправдуваат. Целото семејство е мошне блиско и често говорат за мене и за грешките што според нив ги правам. Тие се загрижени за моите тетоважи и сметаат дека ништо не правам во животот“ – вели тој.

Сорен вели дека често ги слуша реакциите на непознатите луѓе и дека речиси никогаш не поминува незабележително.

Има и такви што отворено го прашуваат што му е проблемот и зошто воопшто би се унаказил себеси на тој начин?

„Најлошите коментари ги добивам на интернет каде луѓето не ги кријат вистинските чувства. Психолошки најчесто ме вандализираат затоа што не сфаќаат зошто некој би одлучил да си го направи тоа себеси, сметаат дека сум луд, криминалец или дека изгледам застрашувачки“ – вели тој.

Сепак, Сорен не планира да се откаже од тетоважите, затоа што му се допаѓа чувството и процесот на тетовирање.

Погледнете повеќе фотографии во продолжение:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Во љубов е со милионер една глава понизок од неа - Зошто врската на манекенката Викторија Силвстед ј... Актерката, модел, пејачка и поранешна Плејбој зајачица, Викторија Силвстед (51),...
„Син ми тежи 14kg на 6 месеци – ме критикуваат дека му давам премногу храна, не го собира во количка... Кога жена го родила своето четврто бебе, тоа имало просечна тежина од околу 3,2 ...
8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
Потресни сведоштва од преживеаните во пожарот во Хонгконг: „Гледав фотографии од загинати за да си г... „Мислев дека е мал пожар, дека ќе го изгаснат. Но, целиот комплекс пламна. Одев ...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Потресни сведоштва од несреќата со возови во Шпанија: „Гледав како луѓето умираат, а јас не можев да... „Мојот сопруг виде детенце кое умре во возот. Друго детенце ја бараше мајка си. ...

Најчитани неделава