Беше во брак со 24 години помлад маж, му помогна на Трамп да ја изгради империјата – Факти за Ивана Трамп која почина на 73 години

Побегнала од комунистичка Чешка, првиот пат се омажила за да добие австриски пасош, а последниот 24 години помлад сопруг ѝ починал на возраст од 49 години. Таа му помогнала на Трамп да ја изгради империјата... Факти за првата сопруга на Доналд Трамп, која почина од срцев застој.

beshe-omazhena-za-24-godini-pomlad-mazh-mu-pomogna-na-tramp-da-ja-izgradi-imperijata-fakti-za-ivana-tramp-koja-pochina-na-73-godini-01.jpg

Првата сопруга на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, Ивана Трамп (73) вчера (14.07) беше најдена мртва во нејзиниот стан во Менхетн. Според информациите во медиумите Ивана најверојатно доживеала срцев застој.

beshe-omazhena-za-24-godini-pomlad-mazh-mu-pomogna-na-tramp-da-ja-izgradi-imperijata-fakti-za-ivana-tramp-koja-pochina-na-73-godini-02.jpg

Поранешниот претседател упати јавно соопштение во кое изрази жалење за ненадејната смрт на неговата прва сопруга.

„Со голема тага сакам да ги информирам многуте луѓе што ја сакаа дека Ивана Трамп почина во нејзиниот дом во Њујорк. Таа беше прекрасна, убава жена што беше инспирација за многумина. Најголема гордост ѝ беа трите деца Доналд Џуниор, Иванка и Ерик“ – рече тој.

Доналд Џуниор (44), Иванка (40) и Ерик (38) објавија заедничко соопштение во кое ја информираа јавноста за ненадејната смрт на нивната мајка.

beshe-omazhena-za-24-godini-pomlad-mazh-mu-pomogna-na-tramp-da-ja-izgradi-imperijata-fakti-za-ivana-tramp-koja-pochina-na-73-godini-03.jpg

Дополнително, Иванка на Инстаграм сподели фотографија со нејзината мајка, до која напиша:

„Срцето ми е скршено заради смртта на мојата мајка. Мама беше брилијантна, шармантна, страсна жена и со голема смисла за хумор. Таа беше модел за цврстина, издржливост и упорност во сѐ што правеше. Го живееше животот во полн здив и никогаш не ја пропушташе можноста да се смее и да танцува. Ќе ми недостига засекогаш и во срцето секогаш ќе ги чувам спомените за неа.“

Во продолжение неколку интересни факти за првата сопруга на поранешниот претседател на САД:

Ивана Трамп по потекло е од Чехословачка, а во детството се занимавала со скијање. Се натпреварувала и за Charles University во Прага, каде добила мастер од областа на физичкото образование и јазиците.

beshe-omazhena-za-24-godini-pomlad-mazh-mu-pomogna-na-tramp-da-ja-izgradi-imperijata-fakti-za-ivana-tramp-koja-pochina-na-73-godini-06.jpg

По завршувањето нa студиите, таа го следела тогашното момче, професиналниот скијач Џорџ Сироватка во Канада, каде почнала да работи како модел. Во 1976-та година додека работела како модел го запознала Доналд Трамп за кого се омажила само 9 месеци подоцна.

beshe-omazhena-za-24-godini-pomlad-mazh-mu-pomogna-na-tramp-da-ja-izgradi-imperijata-fakti-za-ivana-tramp-koja-pochina-na-73-godini-07.jpg

Во 1980-тите таа постојано беше со Доналд Трамп додека тој ја градеше својата империја. Работеше напорно заедно со него на голем број проекти. Таа беше потпретседател за внатрешен дизајн во организацијата Трамп и го менаџираше Plaza Hotel, додека истовремено се грижеше за нивните 3 деца.

beshe-omazhena-za-24-godini-pomlad-mazh-mu-pomogna-na-tramp-da-ja-izgradi-imperijata-fakti-za-ivana-tramp-koja-pochina-na-73-godini-04.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
„Зависна сум од солариум – ми се појавија чудни израстоци на кожата, но сепак одам секој ден“ Млада Британка за себе вели дека е зависна од солариум и оди секој ден по 30 мин...
Meланија Трамп во светкав фустан издоминира како некогаш - фатена за рака со Доналд Трамп Меланија и Доналд Трамп вљубени на новогодишната забава во неговата зимска резид...
Позитива на денот: Полицајци чуваат детенце накиснато од дожд, за мајката доставувач да ја направи и... „Врне силно, а јас морам да доставам храна. Може ли да го оставам син ми тука на...

Најчитани неделава