Важи за најсекси политичарка, уапсена за поткуп заедно со 8 години помладиот партнер – Што знаеме за Ева Каили, потпретседателката на ЕП?
- Детали
- понеделник, 12 декември 2022
Заедно со 8 години помладиот партнер биле уапсени во Катар, а кај нив биле најдени торби со околу 160.000 евра – Што знаеме за Ева Каили, Гркињата која е потпретседателка на Европски Парламент, а се најде среде скандал дека наводно примала поткуп од арапските земји?
Потпретседателката на Европскиот Парламент, Ева Каили во петокот (09.12) беше уапсена во една арапска земја (најверојатно Катар) под сомнение за корупција и перење пари.
Во истрагата се уапсени вкупно четири лица, а според BBC кај нив биле најдени околу 600.000 евра во кеш.
Како што соопштуваат белгиските власти, се верува дека арапските земји преку поткуп и корупција вршат притисок во носењето на одлуките во Европскиот Парламент, а тоа го прават така што даваат огромни суми пари и подароци на луѓе што се на високи позиции во Европскиот Парламент.
Според грчките медиуми пак, во моментот кога била уапсена Ева, заедно со татко ѝ, кај себе имале торби со вкупно 160.000 евра.
Потпретседателката на ЕП, Ева, ќе биде пренесена во женскиот затвор Сен Жил во Брисел, каде ќе остане најмалку пет дена, по што треба да биде изнесена пред суд кој треба да одлучи дали таа ќе остане во притвор до почетокот на судењето.
Засега се знае дека Ева била уапсена заедно со нејзиниот партнер Франческо Џорџи и поранешниот италијански пратеник Пјер Антонио Панцери, како и уште еден непознат лобист, додека татко ѝ Алесандрос бил пуштен на слобода.
Што знаеме за потпретседателката на ЕП, која е топ тема во светските медиуми деновиве?
Ева Каили е родена во 1978-ма година во Солун, каде студирала архитектура на Универзитетот Аристотел. Завршила постдипломски студии на универзитетот Пиреја, а студирала економија на Харвард и на факултетот за новинарство.
Нејзиниот татко Александрос Каилис е инженер кој бил роден во Истанбул, додека мајка ѝ е од Мала Азија.
Пред да ја започне политичката кариера Каили работела како новинар во грчката телевизија MЕГА, а потоа била лице задолжено за односи со јавност во фармацевтските компании во Грција.
Продолжува на следната страна...
Би можело да ве интересира:





