„Моите две деца се 25 години разлика, на роденденот на првото го родив второто – животот е чудо“

„Уште не можам да поверувам дека добив дете повторно и тоа по цели 25 години“, вели Муна Флиндерс (44) од Велика Британија која роди ќерка на роденденот на 25-годишниот син.

moite-dve-deca-se-25-godini-razlika-no-nikogash-ne-se-otkazhav-od-vtoro-dete-01.jpg

Муна Флиндерс (44) е учителка од Велика Британија, која со својот сопруг Марк (39) неодамна ја доби ќерката Сторм. Од претходна врска таа го има синот Кај.

Првото дете го родила на само 19 години, а второто дете на 44 години.

Нејзиниот син Кај има 25 години, а нејзината ќерка Сторм само 4 месеци. Флиндерс за да добие второ дете дала илјадници долари на асистирано оплодување, но никогаш не се откажала од сонот.

„Уште не можам да поверувам дека добив дете повторно и тоа по цели 25 години“, вели таа.

Флиндерс вели дека била ученичка со добри оценки и никој не очекувал дека ќе забремени уште во младоста, но се случило со нејзиното тогашно момче. Била преплашена, но одлучила да го задржи бебето.

Вели дека се породила на само 19 години и почнале да живеат заедно со нејзиното момче, но до нејзиниот 21-ви роденден одлучиле дека е подобро да бидат само пријатели и заедно да се грижат за детето.

moite-dve-deca-se-25-godini-razlika-no-nikogash-ne-se-otkazhav-od-vtoro-dete-03.jpg

Потоа, Флиндерс воопшто не барала љубов, но ситуацијата се променила кога се запознала со Марк, нејзиниот сегашен партнер, во 2011 година.

Брзо се вљубиле, се венчале во 2013 година и оттогаш се обидувале да добијат потомство.

Прво по природен пат, па правеле испитувања, но никаков проблем не бил дијагностициран. Сепак, поради нејзината возраст започнале со асистирано оплодување, но таа трипати доживеала спонтан абортус.

Потоа се одлучиле повторно за процедурата и таа забременила пак на 43 години, но не се надевала многу овојпат.

Сепак, на 44 години добила ќерка и тоа токму на роденденот на нејзиното прво дете. Сторм се родила на роденденот на Кај, но 25 години подоцна, односно на 5-ти август 2022 година. Кај е роден на 5 август 1997 година.

moite-dve-deca-se-25-godini-razlika-no-nikogash-ne-se-otkazhav-od-vtoro-dete-02.jpg

moite-dve-deca-se-25-godini-razlika-no-nikogash-ne-se-otkazhav-od-vtoro-dete-05.jpg

„Секој ден ја гледам Сторм и си велам дека таа ми е неверојатен подарок, а најсреќна сум кога нејзиниот 25-годишен брат ја држи во прегратка и се грижи за неа.“

moite-dve-deca-se-25-godini-razlika-no-nikogash-ne-se-otkazhav-od-vtoro-dete-04.jpgКај и Сторм

Повеќе фотографии од Флиндерс со семејството:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
„Син ми тежи 14kg на 6 месеци – ме критикуваат дека му давам премногу храна, не го собира во количка... Кога жена го родила своето четврто бебе, тоа имало просечна тежина од околу 3,2 ...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
Тажниот живот на сестрата на Џеки Кенеди: Сопругот ѝ остави долг од 60 милиони долари, Аристотел Она... Ли Радзивил го поминала животот во сенката на сестра ѝ Џеки Кенеди, а дури ѝ мај...

Најчитани неделава