Разголени фотосесии, бакнежи во реално шоу со порно ѕвездата Џена Џејмисон – Бурното минато на шведската принцеза Софија
Но, на лудите забави им дошол крајот во 2010-тата година, кога во еден ноќен клуб во Стокхолм го запознала шведскиот принц Карл Филип, во кого се вљубила на прв поглед. Парот веќе во 2011-та година почнал да живее заедно, а јавноста не била премногу импресионирана од неа.
„Се соочив со огромна омраза од луѓето што имаа сопствено мислење за мене како личност, за мојата врска. Бев изненадена и дефинитивно тоа влијаеше врз мене. Не разбирав зошто луѓето имаа потреба да го покажат своето лошо мислење за мене. Навистина беше тешко“ – рече таа во една прилика.

За разлика од народот, кралското семејство веднаш ја прифатило новата девојка на нивниот син, а во 2015-та година парот ја круниса својата љубов со свадба за паметење на која присуствуваа голем број познати личности и претставници на други кралски семејства.

Се чини дека ниту свадбата не можела да помине без критики. Имено, на голем број Швеѓени не им се допаднало тоа што идната принцеза носела венчаница од тантела со разголен грб и која во целост ја откривала нејзината тетоважа на грбот.

Сега, 7 години подоцна, Софија е мајка на 3 деца и се чини дека совршено добро се вклопила во кралскиот живот. Со текот на времето мислењето кај народот за неа се промени, но честопати се случува да ѝ постават незгодни прашања во која ја потсетуваат на нејзиното бурно минато.

Така минатата година ја прашаа дали некогаш би му го направила на шведскиот принц она што Меган му го направи на Хари и го натера да побегне од своите обврски, на што таа одговори:
„Не. Постигнав добра рамнотежа и на бурните години што се зад мене гледам како на нешто позитивно. Иако не ви изгледа така, за мене тоа е голема предност затоа што имав можност да ги искусам и двата света. Иако, секако, имав некои кризи на идентитетот како принцеза“ – рече таа.

Б.С.Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура...
Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо...
23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Абортирала поради него, ја терал да спие со Ерос Рамацоти за да направи еротски фотки - Бурната љубо...
Поранешниот сопруг, познат и како „крал на папараците“ во Италија, продавал нејз...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ...
„Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“
„Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Тажниот живот на сестрата на Џеки Кенеди: Сопругот ѝ остави долг од 60 милиони долари, Аристотел Она...
Ли Радзивил го поминала животот во сенката на сестра ѝ Џеки Кенеди, а дури ѝ мај...