Бизарно: Маж си го покрил телото со тетоважи и ги ампутирал ушите за да личи на вонземјанин
- Детали
- четврток, 02 февруари 2023
Французинот Антони сакал да личи на „црн вонземјанин“, па за таа цел си го покрил целото тело со тетоважи, ги ампутирал ушите, дел од носот и горната усна, а планира да си ја ампутира и едната нога. Во меѓувреме, тој се жали дека не може да најде работа поради страшниот изглед. Бизарно, зарем не?
Антони Лофредо од Париз за себе вели дека е на мисија да се претвори во „црн вонземјанин“ поради што целото тело му е прекриено со црни тетоважи.
Тој направил и модификации на телото, вклучувајќи и ампутирање на два прста од едната дланка.
Во емисијата No Filter на LADbible, Лофредо открива дека почнал со модификациите на 27 години и тврди дека му помогнале подобро да го разбере животот.
Тој вели и дека иако другите луѓе најчесто го критикуваат, има безусловна поддршка од мајка му.
„Има луѓе кои се со отворен ум, а има и луѓе кои се со затворен ум. Така ќе биде за целото човештво. Не можам да ги натерам сите да бидат поотворени за работите околу нив“.
Најекстремните модификации што ги направил наводно биле забранети во Европа и САД, па дел од операциите направил во Мексико.
Досега Антони ги има ампутирано ушите и ноздрите, а има отстрането и дел од горната усна.
По овој зафат, вели дека морал одново да учи како да зборува.
Поради страшниот изглед, сега Антони споделува дека не може да најде работа.
„Не можам да најдам работа. Има многу негативност. Јас сум нормален човек, сакам да работам, имам и семејство.
Сакам да ме гледаат како нормален маж со работа, со семејство, со пријатели, девојка и сето тоа“.
Уште побизарно е што Антони вели дека планира да прави уште модификации на телото, па дури и да си ја ампутира ногата.
Покрај проблемите со невработеноста, Антони не можел ни да излегува во јавност и добил забрана за одење во неколку локални ресторани и барови бидејќи ги плашел другите гости.
„Ако сакам да јадам во ресторан, честопати ми велат дека не можам да седам на терасата“.
Антони има Инстаграм профил со дури 1,2 милиони следбеници каде што споделува детали од прогресот на неговата бизарна мисија.
Тој вели дека и покрај бројните критики, честопати добива коментари за поддршка, а тврди и дека многу луѓе го гледаат како инспирација.
Бизарно, зарем не?
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





