Majка го тужи училиштето на синот - ѝ забраниле да волонтира таму затоа што објавува разголени фотки
- Детали
- вторник, 31 јануари 2023
„Се молам на ниту еден родител да не му се случи да се соочи со предрасуди и да му биде скршено срцето, како што ми е на мене“, вели Викторија Трајс од САД, која е мета на осуда поради нејзината „OnlyFans“ страница.
Викторија Трајс од САД е 31-годишна мајка од Флорида која го тужи основното училиште во Орландо, каде учи нејзиниот син, затоа што ѝ забрануваат да волонтира со образложение дека им пречи што има „OnlyFans“ страница, каде објавува разголени фотографии.
„Навистина ми е тешко. Волонтирањето ми беше радост и сега чувствувам дека тоа ми е одземено од рацете, без реална причина.“
Таа во училиштето волонтирала 5 години и вели дека тоа што во прави во слободното време е нејзин избор и не треба да се објаснува никому.
„Се молам за промена за на ниту еден родител да не му се случи да се соочи со предрасуди и да му биде скршено срцето, како што ми е на мене.“
Се согласувате ли со одлуката на училиштето? Или ја поддржувате борбата на Викторија?
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





