Митови за iPhone кои не се точни (и можат да ви го расипат уредот)

Мит 4: Ако го полните телефонот преку ноќ, ќе ја оштетите батеријата

Можете безбедно да го полните уредот преку ноќ.

Телефоните автоматски престануваат да се полнат кога ќе стигнат до 100%. А, бидејќи полнењето автоматски почнува повторно кога батеријата ќе се спушти под 95%, безбедно е да го оставите и преку ноќ.

mitovi-za-iphone-koi-ne-se-tochni-i-mozhat-da-vi-go-rasipat-uredot-05.jpg

Мит 5: Исклучувањето на апликациите ќе ви заштеди батерија

Ова е мит кој ни изгледа премногу логично – кога нема вклучени апликации, нема ни што да ја троши батеријата.

Но, кога апликацијата е вклучена само во позадина, таа не е активна и затоа не ја троши батеријата.

Всушност, ќе истрошите повеќе батерија ако целосно ја исклучите апликацијата и повторно одново ја вклучите.

mitovi-za-iphone-koi-ne-se-tochni-i-mozhat-da-vi-go-rasipat-uredot-06.jpg

Мит 6: Уредите на Apple се имуни на вируси

Точно е дека уредите на Apple со оперативен систем iOS се сметаат за генерално добро заштитени.

Но, не значи дека имуни на секаква закана.

Структурата на оперативниот систем на Apple го прави телефонот поотпорен на вируси, но ако кликнете „заразен“ линк кој ви стигнал на Фејсбук, мејл или каде било, секогаш постои опасност уредот да ви биде хакиран и слично.

За да ги избегнете ваквите проблеми, никогаш не симнувајте апликации од непроверени места, не се конектирајте на јавни Wi-Fi мрежи и никогаш не кликајте линкови од сомнителни мејлови и пораки.

mitovi-za-iphone-koi-ne-se-tochni-i-mozhat-da-vi-go-rasipat-uredot-07.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Безжични слушалки и уште пет секојдневни изуми што постојат благодарение на НАСА Малите камери на смартфоните се технологија што ја развиле инженерите од НАСА – ...
Мрачната страна на платформата Роблокс, што е хит и кај нас: Киднапирања, педофили, измами за пари Роблокс овозможува корисниците самите да креираат видеоигри, што значи единствен...
Опседнати сте со ChatGPT, премногу му верувате: Дали страдате од „AI психоза“? Иако засега не е официјална дијагноза, таканаречена AI психоза претставува состо...
Мрачната страна на виралниот ChatGPT тренд: „Не знаете каде се складираат вашите податоци и фотки ил... „За помалку од еден час, вештачката интелигенција може да собере доволно податоц...
Електронски уреди за кои дававме цело богатство, но сега само собираат прашина MP3 плеер, GPS уред, дигитален фотоапарат – сите бевме подготвени да дадеме мало...
Фото-докази дека мобилните телефони во 2000-тите беа многу „покул“ од модерните смартфони Иако перформансите на ретро мобилните телефони не се ни споредуваат со оние на м...

Најчитани неделава