Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Со мобилна апликација против камерите во Скопје

so-mobilna-aplikacija-protiv-kamerite-vo-skopje-povekjeTrapster е бесплатна социјална мрежа и мобилна апликација преку која се обележуваат секакви настани и предмети кои би влијаеле на вашето патување со возило.

 

Корисниците можат да обележуваат полициски замки, радари, камери, оштетувања на патот, дури и места каде полицијата често се крие. 

Покрај тоа, корисниците можат и да споделуваат информации за нивните патувања преку Facebook и Twitter.

Апликацијата користи Wi-Fi или GPS за да ја најде моментална локација на корисникот, па според околината во која се наближува праќа аудио или текст пораки за можните опасности.

so-mobilna-aplikacija-protiv-kamerite-vo-skopje

Исто така, едноставно можат да се додаваат нови информации и состојби на патиштата, кои истите може да се верифицираат од сите останати корисници, со што би се избегнале лажни тревоги.

Иноформациите за статичните замки, како камери и радари остануваат на мапата засекогаш, додека полициските патроли остануваат видливи само еден час.

Според мапата на Trapster, во Скопје се обележани скоро сите камери, доколку некоја фали, слободно додадете ја. Се надеваме ќе избегнете парични казни со користење на оваа апликација. Се разбира, и сообраќајот ќе биде побезбеден.

Преземете ја Trapster бесплатно за Android или iOS.

извор: idroid.mk

Би можело да ве интересира:

5 работи што никако не смеете да ги споделите со ChatGPT Доверливи информации од работа или ваши лозинки – кои работи не треба да ги спод...
На што треба да внимавате кога купувате онлајн (за да не бидете измамени)? Иако купувањето од вашиот дом е најпрактично, сепак со себе носи и голем број на...
Нереално ниски цени, затворени коментари: Како да препознаете лажна реклама на Фејсбук и Инстаграм? Ако рекламата изгледа премногу добра за да биде вистинита, тогаш најверојатно е ...
Мајка од Скопје згрозена од интернет алатката што доведе до самоубиство на момче од Флорида – Ја кор... „Бев шокирана, останав без зборови“ – мајка од Скопје, сакала да ја тестира алат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg