Мрачната страна на виралниот ChatGPT тренд: „Не знаете каде се складираат вашите податоци и фотки или кој има пристап до нив“
„Разликата од тогаш и сега се обемот и трајноста. Со моменталното лудило за карикатурите со AI, корисниците активно им даваат многу детални лични информации на четботовите за да го ’подобрат‘ добиениот резултат.
Ако резултатот не е доволно прецизен, тие само додаваат повеќе контекст. Со ова ја тренираат вештачката интелигенција со премногу лични податоци.
Иако делува безопасно и забавно, ваквото однесување ја зголемува загриженоста за приватноста на податоците и во иднина може да го зголеми ризикот од кражба на идентитет.
Штом овие информации се споделени, нема гаранција дека ќе бидат целосно отстранети или контролирани. Она што денес е забава, утре може да биде реален безбедносен проблем ако овие податоци се злоупотребени“.
Д-р Ендру Болстер кој работи во друга компанија за сајбер безбедност – Black Duck – споделува инцидент од минатата деценија кој го потсетува на сегашниот ChatGPT тренд.
„Трендовите се навидум безопасни, но често можат да кријат последици. Во 2010-тите, имаше лавина од квизови и игри на социјалните мрежи кои изгледаа безопасно.
Но, податоците собрани од следењето на постапките и интеракцијата на корисниците со овие ’стапици‘, одеа директно во скандалот со податоци на Cambridge Analytica од 2018-та.
Во тој случај, демографските податоци и податоците за животниот стил кои корисниците ги даваа како дел од овие ’забавни‘ игри се користеа за директно политичко рекламирање на таргетирани групи корисници.
На крај, Фејсбук доби казна од 5 милијарди долари и го промени името во Мета за да се оттргне од скандалот. Овој бран од ChatGPT карикатури е речиси рефлексија на ова.
Наместо корисникот сега да ги дава информациите за себе, го прашува ChatGPT и сличните системи што тој систем веќе ’знае‘ за него.
Иако ова изгледа безопасно и се ’податоци што веќе сте ги споделиле‘, позитивната реакција на ваквите генерирани слики е застрашувачка за оние кои се залагаат за сајбер безбедност, дури и за експертите за вештачка интелигенција“.
Друг експерт за сајбер безбедност, Мухамед Јахја Пател, открива зошто е опасно да се споделуваат лични фотографии со четботови како ChatGPT.
„Прикачувањето фотографија на модел со вештачка интелигенција му овозможува на моделот да ги анализира карактеристиките како очите, носот, структурата на коските кои можат да се сметаат како биометриски податоци.
Постои ризик дека некои луѓе споделуваат дополнителни лични податоци за да добијат попрецизна слика, како име, работодавач или лого на фирма, линкови од социјални мрежи, за вештачката интелигенција да може да собере повеќе лични податоци“.
Сепак, Брајан Хигинс, кој исто така е експерт за сајбер безбедност, вели дека не треба сè да биде така црно и има начин да се заштитите.
„Добрите вести се дека GPT не ги продава податоците, но ги чува сите за постојано да го тренира својот модел.
Па, ако некогаш сте рекле нешто контроверзно и сте прикачиле фајл што би сакале да го заборавите, тој ќе ротира во системот бескрајно.
Има некои опции штом можат да ви бидат од помош. На пример, можете да користите опција за Temporary Chat (привремен разговор) или да избришете одредени разговори.
Ако сте загрижени, вреди да направите свое истражување за сите можни опции. Во најмала рака, вреди секогаш внимателно да размислите пред да споделите нешто“.
Прочитајте и: „Се вљубив во маж онлајн – братучетка ми се криела зад профилот“: Детали за најдолгата интернет измама
Спирова С. | Црнобело
