Ова е новиот таблет на Sony со Android

Sony и официјално го претстави таблетот Xperia Tablet S, нивниот најнов уред со Android.
Ова всушност е надградба на нивниот Tablet S од минатата година, кој и не помина баш така добро кај корисниците. Како и да е, Xperia Tablet S иако го има истиот изглед, тој е полесен и потенок од претходникот.
Во однос на перформанси, новиот Tablet S содржи и инфрацрвен порт кој дозволува таблетот да се претвори во џиновски далечински управувач за вашиот телевизор.
Sony оди на продажба за една недела по цени од 400 (16GB), 500 (32GB), 600 (64GB) долари, во зависност од моделот со внатрешна меморија.









Би можело да ве интересира:
Електронски уреди за кои дававме цело богатство, но сега само собираат прашина
MP3 плеер, GPS уред, дигитален фотоапарат – сите бевме подготвени да дадеме мало...