Екстремно рециклирање - урина во вода за пиење

recikliranje urinaКон крајот на идната година моменталниот број на членови на екипажот на Меѓународната вселенска станица (ISS) ќе се дуплира. Тоа би значело и поголеми количества храна, повеќе вода, а со тоа и, нормално, повеќе отпад.

Одговорот на овој предизвик НАСА го бара во развивањето на систем за рециклирање, кој ќе овозможи трансформирање на урината и другите течни отпади во вода за пиење. Според изjави на официјалните лица на НАСА, таа вода би била дури и почиста од водата која се користи во домаќинствата во САД.

Ваквиот систем, освен што ќе помогне во редуцирање на отпадот на Станицата, претставува и мерка со која би се намалиле севкупните трошоци на ISS. Имено, водата која се пренесува до станицата преку шатл е тешка и претставува голем трошок.

 

recikliranje
Со ваквото рециклирање, количеството на потребните прехрамбени
продукти на Станицата ќе се намали за 6800 кг годишно

 

Чистата и питка вода ќе се добива низ серија на хемиски процеси и филтирања на водата и течните отпади (урина, пот и остатоци од вода употребена при одржувањето на личната хигиена или при подготовката на храна). Така на пример, урината најпрво би поминувала низ процес на дестилација, кој би ја раздвоил течноста од гасовите. Потоа, таа би се помешала со останата отпадна вода и би се третирала со помош на преработувач на вода.

По отстранувањето на преостанатите гасови и тврди материи, течноста повторно би поминала низ процесс на филтрирање, со цел понатамошно прочистување, за да на крај се подложи на високо-температурни каталитички реакции за уништување на несаканите органски загадувачи.

Предвидено е вaквиот системот ќе биде донесен на ISS со мисијата STS-126, чие лансирање се планира оваа есен.

 

Извор: www.astronomija.com.mk

Би можело да ве интересира:

Знаци дека телефонот можеби ви е хакиран (или некој се обидува да го хакира) Телефонот се загрева без причина и имате проблеми со перформансот, дури и ако им...
Како да ги отстраните малите гребаници на екранот на телефонот? Пастата за заби може да ви помогне да ги скриете малите гребаници на екранот, но...
За да го избришете профилот на „Threads“ мора да си го избришете и профилот на Инстаграм - корисници... „Штом еднаш влезеш нема излегување“ – велат дел од корисниците што ја пробале но...
Постојат 5 вида „зависници“ од мобилни телефони (и интернет) – На која група ѝ припаѓате вие? Дали се чувствувате изгубено ако во моментот паметниот телефон не ви е при рака ...
И Македонците си отвораат профили на „Threads“ – Каква е новата апликација на Марк Закерберг? Денес, 6-ти јули, беше лансирана новата апликација на Meta – Threads. Станува зб...
Митови за iPhone кои не се точни (и можат да ви го расипат уредот) Ако исклучите Bluetooth ќе заштедите батерија и телефоните се отпорни на вируси ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg