Најтенкиот мобилен телефон во Македонија Huawei Ascend P6

Пристигна најдобриот, најубав и најтенок мобилен телефон во Македонија- Huawei Ascend p6 со само 6,18 мм

najtenkiot-mobilen-telefon-vo-makedonija-huawei-ascend-p6-3

Huawei Ascend P6 - новиот паметен телефон од кинескиот производител Huawei, по официјалното претставување во повеќе европски престолнини, отсега е достапен и на македонскиот пазар, благодарение на Т-Мобиле. Со елегантен и модерен дизајн, дебелина од само 6,18 мм и тежина од само 120 грама, Huawei Ascend P6 е без сомнение најтенкиот мобилен телефон во Македонија!

Новиот Ascend p6 е најимпресивниот телефон досега изработен од Huawei, во поглед на дизајнот, користените материјали и квалитетот. Huawei Ascend P6 е тенок неверојатни 6,18 милиметри, а ја поседува најновата технологија: екран со големина од 4,7 инчи и со резолуција од 1.280х720 пиксели, четиријадрен процесор со јачина од 1,5 GHz, 2 GB RAM-меморија и 8 GB интерна меморија (со можност за мемориска картичка од 32 GB).

За неговата прецизна изработка се користени висококвалитетни материјали, предниот дел е речиси целиот од стакло, а екранот е направен така што да биде чувствителен на допир дури и кога корисникот носи ракавици.

najtenkiot-mobilen-telefon-vo-makedonija-huawei-ascend-p6-1

Новиот смартфон работи на оперативниот систем Андроид Jelly Bean 4.2.2, а она по што особено се истакнува е предната (фронтална) камера од 5 мегапиксели, што овозможува исклучително висок квалитет на автопортретите.

Благодарение на новата генерација на фотографски софтвер со вградена „поддршка за разубавување на лицето“, oдносно можност за моментално пеглање на брчките и изедначување на нијансите на лицето, сега имате можност да направите совршени автопортрети со само едно кликање на копчето за сликање!

najtenkiot-mobilen-telefon-vo-makedonija-huawei-ascend-p6-4

Главната камера од 8 мегапиксели има автофокус-функција и снима видео во FULL HD-резолуција, a нуди и можност за макрофотографирање (фотографирање од блиску) - што значи дека може да се овековечи секој предмет без разлика на неговата големина, со камерата што овозможува јасни фотографии на само 4 сантиметри растојание од предметот за фотографирање.

Одличен додаток на платформата Андроид е тоа што овој паметен телефон користи и кориснички интерфејс Emotion UI, кој меѓу другото, нуди панорамско фотографирање и можност за препознавање лица на фотографиите.

najtenkiot-mobilen-telefon-vo-makedonija-huawei-ascend-p6-5

Комплетниот софтвер на овој телефон е достапен на македоски јазик и има кирилична поддршка, како и апликации кои ги прават полесно достапни сервисите на Т-Мобиле.

Huawei Ascend p6 е достапен во три бои: бела, црна и розова.

Неодамна Huawei Ascend P6 ја доби престижната награда - најдобар мобилен телефон во категоријата „паметен телефон за корисници“ од страна на Европската асоцијација за слика и звук. Според зборовите на EISA-судиите, Huawei Ascend P6 е изненадувачки добро опремен паметен телефон, по многу атрактивна цена.

Судиското жири за награди на асоцијацијата EISA го сочинуваат уредници на 50 списанија за електронски уреди од 19 европски земји.

najtenkiot-mobilen-telefon-vo-makedonija-huawei-ascend-p6-2

Huawei Ascend P6 ќе биде достапен во Македонија исклучиво во продавниците на Т-Мобиле, во почетокот на октомври 2013 година, во црна и бела боја.

Сите заинтересирани корисници за овој телефон ќе може да ја искористат можноста да го купат со попуст од 10% доколку се регистрираат на www.t-mobile.com.mk или, пак, ако подигнат ваучер во некоја од најблиските продавници на Т-Мобиле во периодот од 26.9.13 до 9.10.13. Искористувањето на попустот е во периодот од пристигнувањето на 1.10.2013 до 31.10.2013.

Спецификации:

- задна камера од осум мегапиксели и предна камера од 5 мегапиксели

- Android Jelly Bean 4.2.2 оперативен систем

- 8 GB меморија, со можност за користење на 32 GB micro SD картичка

- процесор 1,5 GHz

- батеријата трае 30% подолго

Би можело да ве интересира:

Како да ги отстраните малите гребаници на екранот на телефонот? Пастата за заби може да ви помогне да ги скриете малите гребаници на екранот, но...
Знаци дека телефонот можеби ви е хакиран (или некој се обидува да го хакира) Телефонот се загрева без причина и имате проблеми со перформансот, дури и ако им...
Постојат 5 вида „зависници“ од мобилни телефони (и интернет) – На која група ѝ припаѓате вие? Дали се чувствувате изгубено ако во моментот паметниот телефон не ви е при рака ...
Митови за iPhone кои не се точни (и можат да ви го расипат уредот) Ако исклучите Bluetooth ќе заштедите батерија и телефоните се отпорни на вируси ...
Како да го спречите расипувањето на батеријата и да му го продолжите рокот на траење на смартфонот? Не купувајте евтини полначи и не ги игнорирајте надградбите за софтверот – како ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg