Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Таа ќе го промени Apple: Angela Ahrendts

Минатата есен, кога Angela Ahrendts најави дека ја напушта врвната позиција во Burberry за да биде заменик претседател за продажба во Apple, многумина беа зачудени.

taa-ke-go-promeni-apple-angela-ahrendts-01

Не само што е шок преминувањето од модниот свет во технолошкиот, туку и идејата дека некој оди наназад кога станува збор за позициите.

Но, предизвикот за освежување на продажбата на Apple беше нешто неверојатно привлечно за оваа амбициозна жена, па не успеала да го одбие и игнорира.

Ако го погледнете нејзиното CV, брзо ќе разберете зошто Apple ја одбра токму неа.

Во 8те години управување со Burberry, не само што тројно ја зголемила заработката на компанијата, туку и го трансформирала овој бренд во дигитален.

Веќе во тој момент влегла во светот на технологијата, иако е во модниот бизнис.

На прв поглед, бизнисот на Apple цвета, со годишен приход од 20 милијарди. Но, по отворањето на 26 нови салони во 2013 година, цифрите од прометот стагнираат.

Задачата на Анџела ќе биде да го оживее дизајнот на салоните и корисничките услуги, по кои компанијата ќе се издвојува од останатите.

Нејзината главна задача ќе биде да поработи и на онлајн продажбата, која беше една од најзначајните иновации воведени во Burberry.

Би можело да ве интересира:

Мајка од Скопје згрозена од интернет алатката што доведе до самоубиство на момче од Флорида – Ја кор... „Бев шокирана, останав без зборови“ – мајка од Скопје, сакала да ја тестира алат...
На што треба да внимавате кога купувате онлајн (за да не бидете измамени)? Иако купувањето од вашиот дом е најпрактично, сепак со себе носи и голем број на...
Нереално ниски цени, затворени коментари: Како да препознаете лажна реклама на Фејсбук и Инстаграм? Ако рекламата изгледа премногу добра за да биде вистинита, тогаш најверојатно е ...
5 работи што никако не смеете да ги споделите со ChatGPT Доверливи информации од работа или ваши лозинки – кои работи не треба да ги спод...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg