Најголемите заблуди за мобилните телефони

Мобилните телефони станаа составен дел од нашиот живот, а тоа не значи дека знаеме сѐ за нив...

najgolemite-zabludi-za-mob-telefoni-vo-koi-site-veruvaat-1

Токму и поради фактот што не знаеме премногу, веруваме во некои приказни, кои често и не се точни.

Ова се најголемите и најчестите заблуди во кои скоро сите веруваат:

1. Ако го оставите телефонот на полначот, ќе ја убие батеријата.

Модерните и паметните телефони имаат напредни батерии, кои се програмирани така што престануваат да полнат штом им се обнови капацитетот на енергија. Ако сте го оставиле мобилниот на полнач во текот на целата ноќ, немате причина да се грижите. Сепак, ако сакате да заштедите електрична енергија, тогаш исклучувајте го полначот, откако батеријата ќе биде полна.

2. Мобилниот мора да го наполните до крај, пред да го исклучите од полнач.

Уште една голема заблуда. Денешните мобилни не мораат да се полнат до крај, па до крај да се празнат за да може да се користат, бидејќи батериите кои ги имаат немаат „ефект на меморија”.

3. Камерата е подобра ако има повеќе мегапиксели.

Квалитетот на камерата зависи од тоа кој сензор е употребен, неговата големина и додатоците кои ги има. Бројот на мегапиксели има врска со големината на фотографијата, но не и со нејзиниот квалитет.

4. Подобро е екранот да има поголема резолуција.

Резолуцијата е една од карактеристиките од кои зависи квалитетот на прикажувачкиот екран, но таа никако не е пресудна. Резолуцијата секако е важна, бидејќи таа практично формира слика на екранот, но покрај неа голема улога играат и осветлувањето на екранот, контрастот и аглите на гледање. Сите заедно ја формираат сликата, па резолуцијата сама по себе не значи ништо, доколку останатите карактеристики не ја следат. 

Би можело да ве интересира:

Фото-докази дека мобилните телефони во 2000-тите беа многу „покул“ од модерните смартфони Иако перформансите на ретро мобилните телефони не се ни споредуваат со оние на м...
Електронски уреди за кои дававме цело богатство, но сега само собираат прашина MP3 плеер, GPS уред, дигитален фотоапарат – сите бевме подготвени да дадеме мало...
Опседнати сте со ChatGPT, премногу му верувате: Дали страдате од „AI психоза“? Иако засега не е официјална дијагноза, таканаречена AI психоза претставува состо...

Најчитани неделава