Совршен и однатре и однадвор

Прецизно извајан од уникатен и преубав спој на материјали, кои остaваат траен впечаток на секој што го допрел и себично помислил да го задржи само за себе, заводникот што ги освои погледите на милиони зависници на модерниот изглед и префинетата внатрешност,  пристигнува за само неколку недели.

sovrsen-odnatre-i-odnadvor-1.jpg

Одбројувањето до пристигнување на следното добро нешто, започнува. За кратко, паметниот, згодниот и функционалниот (кој, да, доаѓа во една целина) станува дел од портфолиото на напредни паметни телефони од понудата на Vip.

Со големо задоволство, најсјајните ѕвезди од галаксијата -  Samsung Galaxy S6 и Samsung Galaxy S6 edge.

Најтенок и најопсежен досега, Samsung Galaxy S6/S6 edge има највисока резолуција на паметни телефони претставени на пазарот досега, благодарение на 5.1-инчниот QHD Super AMOLED екран, со резолуција од 557 пиксели.

Најбрз и најсилен, поседува 14nm Samsung Exynos 7 окта мобилен процесор со 64-битна платформа, нов PDDR4 мемориски систем и  UFS 2.0 флеш-меморија, во превод -  гарантирани подобрени перформанси и брзина на меморијата со помала потрошувачка на енергија.

sovrsen-odnatre-i-odnadvor-2.jpg

Најелегантен и најснаодлив, изработен од стакло и од метал, со 16MP задна и 5MP предна камера со оптички стабилизатор, како и опција за автоматско одредување на светлината. Брзината на активирањето на камерата е од 0,7 секунди.

Најштедлив и независен, со револуционерната технологија за безжично полнење, како и опцијата за брзо полнење, кое на корисникот му овозможува да гледа двочасовно видео за десетминутно полнење.

Достапен единствено со резервација во продажните салони на Vip до 31.3.2015, со вклучен подарок - уникатен Accessories kit.

Samsung Galaxy S6 и Samsung Galaxy S6 edge ќе бидат достапни во продажната мрежа на Vip од 20.4.2015 по цена од 16.499 денари и 23.499 денари соодветно, во постпејд тарифата Vip Free+ No Limit + за склучен договор на 24 месеци.

sovrsen-odnatre-i-odnadvor-3.jpg

Би можело да ве интересира:

Фото-докази дека мобилните телефони во 2000-тите беа многу „покул“ од модерните смартфони Иако перформансите на ретро мобилните телефони не се ни споредуваат со оние на м...
Електронски уреди за кои дававме цело богатство, но сега само собираат прашина MP3 плеер, GPS уред, дигитален фотоапарат – сите бевме подготвени да дадеме мало...

Најчитани неделава