Вашиот нов будилник: Селфи за добро утро

Доколку наутро тешко станувате и потребни ви се многу аларми затоа што првиот многу брзо успевате дури и во сон да го изгасите, постои ново решение за вас. Селфи за гасење на алармот.

vashiot-nov-budilnik-selfi-za-dobro-utro-01.jpg

Денес паметните телефони нудат различни типови на помош за сигурно расонување наутро и постојат низа на апликации кои можете да ги испробате. Некои од нив најчесто бараат од вас да решите некаква брза загатка за да го исклучите ѕвонењето на алармот.

Постојат и такви кои одат и подалеку со креативноста во будењето. Секако завршната цел им е со сигурност да се расоните, појдете на работа и таму да бидете на време пристигнати.

Кога станува збор за оние покреативните апликации, од сега постои и апликација за оние кои постојано сакаат да се сликаат. Со новата апликација Snap Me Up за да можете да го изгасите телефонот неопходно е да кликнете едно утринско селфи. Дополнително на тоа, очите мора да ви бидат задолжително отворени.

vashiot-nov-budilnik-selfi-za-dobro-utro-1.jpg

Покрај тоа што со сигурност ќе се разбудите имате и дополнителна можност за зачувување на утринските селфиња и можност за постирање на некои од социјалните мрежи.

Самата апликација моментално е бесплатна за Андроид корисниците и може одвреме-навреме да ви се појави и некоја реклама.

Клик за селфи и соберете ја вашата колекција на утрински селфиња.

vashiot-nov-budilnik-selfi-za-dobro-utro-01-2.jpg

vashiot-nov-budilnik-selfi-za-dobro-utro-01-3.jpg

Би можело да ве интересира:

Безжични слушалки и уште пет секојдневни изуми што постојат благодарение на НАСА Малите камери на смартфоните се технологија што ја развиле инженерите од НАСА – ...

Најчитани неделава