61% од корисниците на iPhone не знаат дека можат да ја заменат батеријата

Според едно истражување направено од Batteries Plus Bulbs на 1000 корисници, 61.4% од iPhone корисниците не знаат дека батеријата на телефонот може да ја заменат за нова.

ne-znaat-deka-mozat-da-ja-zamenat-baterijata-i-telefonot-go-frlaat-001.jpg

Компанијата открива дека дури 56% од Американците сметаат дека нивниот телефон е расипан, ако батеријата не работи правилно. Всушност ова е број еден проблем околу телефоните.

Поголемиот дел од луѓето сакаат да го поправат својот телефон, но не знаат дека тоа може да го направат.

Секако дека оваа компанија сака да привлече поголем број на луѓе кои ќе ги употребуваат нејзините услуги, но дури и сервисот на Apple може да им понуди поевтина варијанта од купување на нов телефон.

Животот на батеријата претставува голем проблем поради кој Apple додаде нов мод за iOS 9 „low power“ кој може да ја намали употребата на батерија на сметка на перформансот на самиот телефон.

Би можело да ве интересира:

Електронски уреди за кои дававме цело богатство, но сега само собираат прашина MP3 плеер, GPS уред, дигитален фотоапарат – сите бевме подготвени да дадеме мало...
Фото-докази дека мобилните телефони во 2000-тите беа многу „покул“ од модерните смартфони Иако перформансите на ретро мобилните телефони не се ни споредуваат со оние на м...

Најчитани неделава