Корејски студенти направиле паметен часовник за слепи лица

Четири студенти инженери направиле start up програма и работат на нов уред кој ќе им помогне на оние кои имаат проблеми со видот или се целосно слепи. Направиле рачен часовник од кој податоците се преведуваат во Брајовото писмо.

korejski-studenti-napravile-pameten-casovnik-za-slepi-lica-01.png

Голем број на уреди веќе го употребуваат Брајовото писмо, но не и паметните телефони и часовници.

Овој паметен часовник ќе биде именуван како Dot и ќе користи магнети и игли за текстот да може да се претвора во Брајовото писмо. Идејата ја добиле откако забележале како голем дел од нивните слепи колешки се мачат со читање на книги.

Eric Ju Yoon Kim, основачот на Dot изјавил дека очекува цената на уредот да биде помала од 300 долари и да започне масивно да се продава до декември.

Она што го прави овој уред интересен е тоа што ќе биде драстично поевтин од било кој друг уред кој го употребува Брајовото писмо.

Би можело да ве интересира:

Електронски уреди за кои дававме цело богатство, но сега само собираат прашина MP3 плеер, GPS уред, дигитален фотоапарат – сите бевме подготвени да дадеме мало...
Мрачната страна на виралниот ChatGPT тренд: „Не знаете каде се складираат вашите податоци и фотки ил... „За помалку од еден час, вештачката интелигенција може да собере доволно податоц...

Најчитани неделава