Нова апликација на Amazon со која нема да чекате ред во продавница
Концептот „Amazon Go“ е екстремно паметна идеја која се очекува да успее, пред сè затоа што го елиминира најздодевниот дел од пазарувањето - чекањето во ред да ги купите производите.

Само замислете, никогаш повеќе не мислите на тоа колку гужва ќе се собере пред вас.
Само шетате и одбирате производи, а потоа без чекање, истите ги купувате.
Концептот подразбира целото шопинг искуство да го завршите со вашиот мобилен телефон.
Ја симнувате апликацијата Аmazon Go, го скенирате кодот на производот, се препознава производот и истиот директно се наплаќа на вашиот Amazon профил.
Останува да почекаме и кај нас до дојде оваа можност.
Н. Г. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Електронски уреди за кои дававме цело богатство, но сега само собираат прашина
MP3 плеер, GPS уред, дигитален фотоапарат – сите бевме подготвени да дадеме мало...