Huawei P9 дебитира на македонскиот пазар во сина боја

Предводникот на Huawei за 2016 сега е достапен со нов стилски изглед.

huawei-p9-debitira-na-makedonskiot-pazar-vo-sina-boja-4.jpg

Скопје, 14.12.2016 – Првиот паметен телефон во светот, ко-развиен во соработка со легендарниот бренд - Leica - Huawei P9 сега е достапен и на македонскиот пазар во уникатна сина боја. Топ моделот на Huawei за 2016  пристигнува со стилски нов изглед, инспирирајќи ги љубителите на убави и елегантни бои. Новата сина верзија е достапна и на македонскиот пазар од декември, заедно со полнач од повисока класа, што овозможува побрзо полнење на батеријата до 30% (за 30 минути добивате дури  до 50% наполнет уред), во споредба со претходната полнач.

huawei-p9-debitira-na-makedonskiot-pazar-vo-sina-boja-2.jpg

Клучот за одлични слики, снимени со P9, лежи во дизајнот на камерата на два објективи, кои целосно ги откриваат можностите на оптичките леќи Leica, признати за нивната прецизност и внимание на деталите. И двете задни камери на P9 работат синхронизирано, со цел да им овозможат на потрошувачите да креираат слики со неверојатни детали, интензитет и боја. Huawei P9 се состои од голем број на авангардни технички компоненти: најбрз окта-core процесор HiSilicon Кирин 955, 3 GB RAM + 32 GB ROM за складирање на оперативниот систем и мултимедијални датотеки. Доколку е потребно, капацитетот на меморијата може да се прошири со microSD картички. Предната страна на P9 се издвојува со оптимална големина на екран од 5,2 ". Екранот е заштитен со најновото и најотпорно на оштетувања стакло Corning  Gorilla 4.  Личните податоци се заштитени од најбрзиот и најмодерен скенер за отпечатоци. Батеријата на Huawei P9 е со 3000 mAh, што е доволно да издржи 1,5-2 дена помеѓу две полнења.

huawei-p9-debitira-na-makedonskiot-pazar-vo-sina-boja-3.jpg

 "Европските потрошувачи на смарт телефони за 20016-17 од Европската асоцијација за обработка на слика и звук е повторно тука и сега во една поинаква, привлечна боја. Ние сме среќни што можеме да ви ја понудиме сината боја како алтернатива за други класични бои и сигурни сме дека ќе предизвика голем успех меѓу македонските потрошувачи "- изјави Џеферсон Жанг, директор на одделот за Потрошувачки уреди за Huawei Бугарија и Македонија.

Дури и во една нова сина боја, Huawei P9 Blue е сосема соодветен како за мажите така и за жените, за кои е важно во своите раце да имаат успешна комбинација на неверојатно брз уред со стилски и модерен изглед. Уредот е достапен за потрошувачите во продавниците на мобилни оператори, како и во големите синџири на маркети за технологија.

huawei-p9-debitira-na-makedonskiot-pazar-vo-sina-boja-6.jpg

huawei-p9-debitira-na-makedonskiot-pazar-vo-sina-boja-5.jpg

Би можело да ве интересира:

Знаци дека телефонот можеби ви е хакиран (или некој се обидува да го хакира) Телефонот се загрева без причина и имате проблеми со перформансот, дури и ако им...
Митови за iPhone кои не се точни (и можат да ви го расипат уредот) Ако исклучите Bluetooth ќе заштедите батерија и телефоните се отпорни на вируси ...
За да го избришете профилот на „Threads“ мора да си го избришете и профилот на Инстаграм - корисници... „Штом еднаш влезеш нема излегување“ – велат дел од корисниците што ја пробале но...
Постојат 5 вида „зависници“ од мобилни телефони (и интернет) – На која група ѝ припаѓате вие? Дали се чувствувате изгубено ако во моментот паметниот телефон не ви е при рака ...
И Македонците си отвораат профили на „Threads“ – Каква е новата апликација на Марк Закерберг? Денес, 6-ти јули, беше лансирана новата апликација на Meta – Threads. Станува зб...
Како да го спречите расипувањето на батеријата и да му го продолжите рокот на траење на смартфонот? Не купувајте евтини полначи и не ги игнорирајте надградбите за софтверот – како ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg