Како ќе изгледа новиот iPhone?

Директорот на Apple, Тим Кук, открива дека за новиот модел на iPhone се подготвуваат возбудливи работи.

kako-kje-izgleda-noviot-iphone-01.jpg

Се очекува Apple да преземат сè што е во нивна моќ и да создадат најголема мобилна сензација.

Во јавноста се зборуваше дека името нема да биде iPhone 8, туку iPhone X.

Eкранот ќе има двојно закривување, целиот ќе биде изработен од стакло и нема да го има „Home“ копчето.

Тим не ги потврдил, но и не ги негирал овие гласини.

За да ја зголеми неизвесноста изјавил: „Кога зборуваме за паметни телефони, се наоѓаме на почеток, бидејќи сметам дека има уште многу што да се направи. Сметам дека секоја година се зголемува потребата од мобилни телефони и затоа измислуваме нови технологии со кои ќе им го олесниме животот на луѓето.“

Новиот iPhone ќе има цена од 1.000 долари и првата верзија ќе излезе оваа година.

С. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фото-докази дека мобилните телефони во 2000-тите беа многу „покул“ од модерните смартфони Иако перформансите на ретро мобилните телефони не се ни споредуваат со оние на м...
Електронски уреди за кои дававме цело богатство, но сега само собираат прашина MP3 плеер, GPS уред, дигитален фотоапарат – сите бевме подготвени да дадеме мало...

Најчитани неделава