Официјално: Ова е iPhone X со сите негови карактеристики


Официјално: Ова е iPhone X со сите негови карактеристики

Apple го објави официјалното доаѓање на новиот член во семејството – iPhone X, за време на прес настан во Купертино, Калифорнија.

oficijalno-ova-e-noviot-iphone-x-so-site-negovi-karakteristiki-01.png

Од компанијата велат дека футуристичкиот дизајн е голем чекор нанапред од оригиналниот iPhone на кој навикнавме, па се надеваат дека ќе ги постави стандардите за напредок на технологијата во следната декада.

oficijalno-ova-e-noviot-iphone-x-so-site-negovi-karakteristiki-02.png

Новиот модел ќе чини 999 долари и ќе биде пуштен во продажба на 3-ти ноември. Предвремените нарачки ќе може да се прават од 27-ми октомври.

„Со iPhone 10, мобилниот ќе ви биде заклучен додека не го погледнете и тој не ве препознае. Ништо не било поедноставно, поприродно и со помалку напор. Го нарекуваме фацијално препознавање. Фацијалното препознавање е иднината за отклучување на мобилните и заштитување на нашите чувствителни информации,“ вели маркетинг специјалистот Фил Шилер.

oficijalno-ova-e-noviot-iphone-x-so-site-negovi-karakteristiki-06.png

Што друго може да очекуваме од футуристичкиот iPhone X?

Значително поинаков дизајн од претходниот модел iPhone 7, без централното home копче.

oficijalno-ova-e-noviot-iphone-x-so-site-negovi-karakteristiki-09.jpg

Екранот користи нов тип на технологија наречена OLED.

oficijalno-ova-e-noviot-iphone-x-so-site-negovi-karakteristiki-12.jpg

Батеријата трае 2 часа подолго од претходниот модел.

Ќе биде достапен во две бои сега засега - темно сива и сребрена.

oficijalno-ova-e-noviot-iphone-x-so-site-negovi-karakteristiki-04.png

oficijalno-ova-e-noviot-iphone-x-so-site-negovi-karakteristiki-03.png

Отпорен е на вода во исто ниво како и претходниот iPhone 7.

Има подобрена задна камера. Има 2 сензори од 12 мегапиксели и подобрен блиц.

oficijalno-ova-e-noviot-iphone-x-so-site-negovi-karakteristiki-05.png

Предната камера е апдејтирана со еден куп нова технологија, вклучувајќи го и фацијалното препознавање.

oficijalno-ova-e-noviot-iphone-x-so-site-negovi-karakteristiki-08.png

oficijalno-ova-e-noviot-iphone-x-so-site-negovi-karakteristiki-07.png

Сите спецификации и фантастичниот дизајн погледнете ги во видета:

iPhone X моделот од 64GB ќе чини 999 долари, додека iPhone X моделот со 256GB меморија ќе чини 1.149 долари.

oficijalno-ova-e-noviot-iphone-x-so-site-negovi-karakteristiki-14.jpg

oficijalno-ova-e-noviot-iphone-x-so-site-negovi-karakteristiki-15.jpg

oficijalno-ova-e-noviot-iphone-x-so-site-negovi-karakteristiki-13.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фејсбук тајно ви ги снима реакциите преку предната камера: Како да се ... Патентот на компанијата Фејсбук кој е достапен од 2016-тата, повторно стана акту...
Креирајте ги најдобрите улични портрети со Huawei P10 lite за време на... Скопје, 27 Jуни 2017 г. – Летниот одмор наближува и сите со нетрпение го очекува...
Ikea апликација со која ќе видите како ќе изгледа мебелот дома, пред д... За оние кои имаат iPhone, Ikea носи добри вести - тие направија апликација која ...