Зошто треба да ја покриете камерата на лаптопот?

До пред неколку години се веруваше дека покривањето на камерата на модерните уреди е знак на лудост.

zoshto-treba-da-ja-pokriete-kamerata-na-laptopot-01.jpg

Но, после одреден период, по неколку дознаени факти за FBI и CIA, многумина сфатија дека покривањето на камерата е нешто неопходно.

Ако досега не сте знаеле зошто, прочитајте кои се причините заради кои многу луѓе ги покриваат веб камерите:

1. Ова е ефективен начин да си ги заштитите личните информации

Прво: заштитува од хакери со намера да го нападнат вашиот компјутер.

Ова е многу очигледна закана, посебно ако сте позната личност или личност со важни информации. Добар пример за тоа е Марк Закерберг и неговиот лаптоп чиј микрофон и веб камера се уредно залепени.

Второ: добар начин да се заштитите од вируси.

Ако напаѓачот има целосна контрола врз компјутерот на жртвата, тогаш пристапот до камерата е загарантиран.

zoshto-treba-da-ja-pokriete-kamerata-na-laptopot-02.jpg

2. Камерата е клучалка во вашиот приватен живот

Се прашувате зошто некој би сакал да ве набљудува вас кога не сте ниту позната личност, ниту пак имате некои доверливи информации?

Едноставно, многу работи се случуваат пред мониторот – некој сака да седи гол пред лаптоп, некој гледа забранети работи, некој ги закачил сите лозинки на видно место преку камерата, вклучувајќи го и оној од банка.

Сето ова е доволно за некој да раководи со вашиот живот и да сака да го следи.

zoshto-treba-da-ja-pokriete-kamerata-na-laptopot-03.jpg

3. Постојат посебни шеми

  • Во 2015-та, британски хакер користел програм за да ги набљудува камерите и приватниот живот на пријателите. Вирусот лесно може да се добие во затворени форуми со таа намена.
  • Во 2016-та, некој хакирал компјутери на неколку луѓе и експериментирал со нив (им пуштал музика, отворал порнографски содржини итн.), а потоа ги објавил нивните реакции на YouTube.
  • Во 2011-та, хакер од Калифорнија бил осуден на 6 години затвор за набљудување на девојки преку веб камера и уцена.
  • Во 2013-та, се дозна дека FBI може да ги користи камерите на корисниците за нивна истрага.

4. Нема што да изгубите ако се заштитите

Да бидеме реални, да исечете мало парче самолеплива трака која ќе ја залепите на камерата, нема да ви одземе ниту време ниту нерви, па дури и да не верувате во целото тоа набљудување, нема ништо да изгубите ако се заштитите „за секој случај“.

А, доколку сакате поелегантно решение, пребарајте на интернет, можеби ќе најдете производи наменети за заштита на камерата и микрофоните, а изгледаат поинтересно од лепенка.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Постојат 5 вида „зависници“ од мобилни телефони (и интернет) – На која група ѝ припаѓате вие? Дали се чувствувате изгубено ако во моментот паметниот телефон не ви е при рака ...
Митови за iPhone кои не се точни (и можат да ви го расипат уредот) Ако исклучите Bluetooth ќе заштедите батерија и телефоните се отпорни на вируси ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg