Повеќе мегапиксели на камерата - подобра фотографија: 9 митови за телефоните и компјутерите

Од тоа кога и колку треба да го полните телефонот до дали смеете без подготовка да го вадите УСБ стикот од компјутерот, најголемите митови - срушени!

povekje-megapikseli-na-kamerata-podobra-fotografija-9-mitovi-za-telefonite-i-kompjuterite-01.jpg

Дали е опасно да го оставите телефонот цела ноќ на полначот? Одговорот е не!

И ова не е единствениот мит во кој веруваат луѓето кога се телефоните и компјутерите во прашање.

Митови во кои треба да престанете да верувате:

Мит 1: Колку повеќе мегапиксели има камерата, толку прави подобри фотографии.

Мегапикселите не влијаат на убавината на фотографиите, туку само на големината на фотографијата.

Постојат многу други фактори што влијаат на квалитетот на фотографиите како: оптиката, големината на сензорот и вештините на фотографот.

povekje-megapikseli-na-kamerata-podobra-fotografija-9-mitovi-za-telefonite-i-kompjuterite-02.jpg

Мит 2: Ако го оставите телефонот да се полни цела ноќ, ќе се оштети батеријата.

Модерните телефони имаат батерии, кои престануваат да се полнат штом се комплетно наполнети.

Но, дури и кога тоа ќе се случи телефонот влече малку струја. Па, единствената причина зошто треба да го исклучите е за да штедите на струја.

povekje-megapikseli-na-kamerata-podobra-fotografija-9-mitovi-za-telefonite-i-kompjuterite-03.jpg

Мит 3: Добриот прием значи добар квалитет на звукот.

Дури и кај мрежата да ви покажува полно, тоа не значи дека конекцијата ќе ви биде совршена. Тоа е само приказ за силата на сигналот, кој го примате од најблиската кула, но тоа не говори многу за квалитетот или брзината на интернетот.

Ако има многу други телефони што ја користат истата кула, тогаш може да имате проблем поради преоптоварување.

povekje-megapikseli-na-kamerata-podobra-fotografija-9-mitovi-za-telefonite-i-kompjuterite-04.jpg

Мит 4: Мек компјутерите не може да фатат вируси.

Не постои оперативен систем, кој е имун на вируси, но постојат неколку теории дека Мек компјутерите имаат помалку вируси.

Прво, тоа е поради фактот што вирусите главно се креираат за најпопуларниот компјутерски систем кој е Windows, а не Mac OS. Второ, Mac OS има помалку слаби точки, но тоа не значи дека е комплетно имун. Потребно е само повеќе време за да наиде на вирус што може да го погоди.

povekje-megapikseli-na-kamerata-podobra-fotografija-9-mitovi-za-telefonite-i-kompjuterite-05.jpg

Мит 5: Копчето „refresh“ ги забрзува работите.

Копчето „refresh“ на десктоп или на пребарувачот само освежува и ви ги прикажува последните промени. Пример, ако сте промениле име на фолдер, а сè уште ви го дава старото име со „refresh“ ќе ви го покаже новото.

Понекогаш токму тие 1-2 секунди кои ги трошите на притискање на копчето се доволно време за компјутерот да почне да работи побрзо, како и вообичаено, па затоа ви изгледа дека со стискањето на копчето тој се забрзува.

povekje-megapikseli-na-kamerata-podobra-fotografija-9-mitovi-za-telefonite-i-kompjuterite-06.jpg

Уште 4 митови на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Знаци дека телефонот можеби ви е хакиран (или некој се обидува да го хакира) Телефонот се загрева без причина и имате проблеми со перформансот, дури и ако им...
Како да ги отстраните малите гребаници на екранот на телефонот? Пастата за заби може да ви помогне да ги скриете малите гребаници на екранот, но...
Митови за iPhone кои не се точни (и можат да ви го расипат уредот) Ако исклучите Bluetooth ќе заштедите батерија и телефоните се отпорни на вируси ...
Како да го спречите расипувањето на батеријата и да му го продолжите рокот на траење на смартфонот? Не купувајте евтини полначи и не ги игнорирајте надградбите за софтверот – како ...
Постојат 5 вида „зависници“ од мобилни телефони (и интернет) – На која група ѝ припаѓате вие? Дали се чувствувате изгубено ако во моментот паметниот телефон не ви е при рака ...
Како онлајн предаторите можат да ги злоупотребат фотките што ги објавувате од вашите деца? „Онлајн предаторите можат да ги претворат фотографиите од децата во експлицитни ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg