Дали и како животот ќе ви се промени ако заминете од социјалните мрежи?

По неколкуте скандали во кои Фејсбук призна дека надворешни компании пристигнале до податоци на корисниците, многумина решија да ги деактивираат своите профили.

dali-i-kako-zhivotot-kje-vi-se-promeni-ako-zaminete-od-socijalnite-mrezhi-01.jpg

Според ЦЕО-то на Фејсбук, Марк Закерберг, врвен приоритет на компанијата е онлајн безбедноста на секој од нивните корисници. Но, понекогаш навистина им оди тешко во тоа.

И покрај тоа, безбедноста на податоците е една од најретките причини зошто корисниците ги деактивираат своите профили. Почести причини се желбата да се изолираат по некоја трагедија, по раскинување долга врска или поради сајбер булинг.

Некои го бришат профилот бидејќи не се согласуваат со собирањето и употребата на нивните податови во какви било цели. За нив транспарентноста е најважна и не можат да прифатат да не знаат што се користи и споделува од нивниот профил.

dali-i-kako-zhivotot-kje-vi-se-promeni-ako-zaminete-od-socijalnite-mrezhi-02.jpg

Други пак, го деактивираат профилот на Фејсбук бидејќи не им се допаѓа тоа што е претворен во платформа за бизнис и рекламирање, а полека се губи првичната намена за поврзување со пријателите и споделување на убавите моменти.

Трети пак, биле вчудовидени од сите тие алгоритми на социјалната мрежа, од кои и самите се дел. Токму тоа било мотив да се повлечат и што помалку да ги користат социјалните мрежи, а кога ги проверуваат профилите, тоа го прават од веб-верзиите, затоа што не им веруваат на апликациите инсталирани на нивните паметни телефони.

dali-i-kako-zhivotot-kje-vi-se-promeni-ako-zaminete-od-socijalnite-mrezhi-04.jpg

Но, како деактивирањето влијае врз нивните животи?

Многумина од оние кои веќе не користат Фејсбук и други социјални мрежи опишуваат дека се чувствуваат ослободени и релаксирани, а на своите телефони штедат повеќе меморија.

Благодарение на тоа имаат повеќе контрола врз своето време и можат да го ограничат користењето на интернетот во рамки на разумни количини.

Некои од нив имаат и потешкотии со комуникацијата, бидејќи многу од нивните пријатели не се јавуваат на телефон, туку пишуваат групни пораки на Фејсбук.

Она што е позитивно е што веќе не паѓаат во искушенија да споделуваат приватни настани со своите интернет пријатели.

dali-i-kako-zhivotot-kje-vi-se-promeni-ako-zaminete-od-socijalnite-mrezhi-03.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фото-докази дека мобилните телефони во 2000-тите беа многу „покул“ од модерните смартфони Иако перформансите на ретро мобилните телефони не се ни споредуваат со оние на м...
Електронски уреди за кои дававме цело богатство, но сега само собираат прашина MP3 плеер, GPS уред, дигитален фотоапарат – сите бевме подготвени да дадеме мало...
Мрачната страна на платформата Роблокс, што е хит и кај нас: Киднапирања, педофили, измами за пари Роблокс овозможува корисниците самите да креираат видеоигри, што значи единствен...
Мрачната страна на виралниот ChatGPT тренд: „Не знаете каде се складираат вашите податоци и фотки ил... „За помалку од еден час, вештачката интелигенција може да собере доволно податоц...

Најчитани неделава