Зошто сме зависни од видео игрите?


Зошто сме зависни од видео игрите?

На прв поглед, играњето на видео-игри не се разликува суштински од читањето, гледањето на филмови и слични работи што ги правиме во слободно време. Но знаевте ли дека видео-игрите можат многу лесно да создадат зависност? 

Zosto sme zavisni od video igrite 01

Сите видео-игри, од раните аркади до современите хитови, користат механизми со кои нè привлекуваат. Порано се користеле листи на најдобри резултати, а денес се добиваат подароци за напредокот во играта, на пример, ќе добиеме ново оружје кога ќе го достигнеме 50-то ниво.

На произведувачите на игрите им е важно игрите да се играат што е можно подолго. Колку повеќе луѓе играат, животниот век на играта станува подолг, а можноста за заработка е поголема. Зошто сме зависни од видео-игрите?

Се чувствуваме добро кога ќе го победиме тешкиот противник или кога ќе решиме сложена загатка. Откривањето на тајните и стекнување на новите моќи нè мотивира да продолжиме да играме.

Кога играте сами, веројатно ќе ја завршите играта во разумно време. Кај игри кои се играат онлајн, (во форма на multiplayer), ситуацијата е поинаква, бидејќи овие игри никогаш не завршуваат.

Порано multiplayer игрите биле ограничени на домашни забави или LAN пресметки кои завршувале порано или подоцна. Благодарение на Интернетот, денес буквално можете да играте без прекин, бидејќи ваквите игри се постојано достапни на интернет серверите.

Поради дополнителните содржини (DLC - download content), подолго се задржуваме на игрите, без разлика дали се работи за „сингл“ авантура или „мултиплеер“ игра. Кога играме видео-игри, честопати доживуваме одредени емоции кои не можеме да ги почувствуваме гледајќи филм, серија или со читање на книга.

Zosto sme zavisni od video igrite 02

Емоционално се поврзуваме со судбината на хероите, а последиците од изборот што го правиме во нивно име можат длабоко да нè допрат, да предизвикаат гнев, лутина, фрустрација.

Особено се озлогласени игри за мобилни телефони кои се бесплатни, на почеток. Овие игри ни овозможуваат да се запознаеме со ликовите и да се заинтересираме за приказната, за потоа да треба да плаќаме за бесконечни животи и сл.

Технологијата денес ни овозможува да играме видео-игри кои, пред 20 години, беа незамисливи. Од отворени светови со големи простори за истражување, до тешки игри за кои ни требаат стотици часови за да ги завршиме.

Zosto sme zavisni od video igrite 03

Затоа бидете внимателни, играјте паметно и не заборавајте да прошетате од време на време и да уживате во реалниот свет.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Го чувате во раце или во заден џеб: Како несвесно си го уништувате тел... Мора да се признае, дека голем број луѓе не внимаваат доволно кога се во прашање...
Работи кои не треба да ги правите преку СМС пораки Постојат многу причини зошто испраќањето пораки е несоодветно во ситуации во кои...
Тинејџери, директори и спортисти - сите се зависни од видео играта For... Fortnite е видео игра којашто се состои од барање на оружја и ресурси во постапо...