Светлосното едро на Бил Нај е подготвено да плови низ вселената со помош на соларните ветрови

Како вистински вселенски брод, вселенското летало „Светлосно Едро 2“ го отвори своето едро откако беше лансирано од страна на Планетарно општество, непрофитната организација на познатиот телевизиски лик Bill Nye the Science Guy.

Svetlosnoto-edro-na-Bil-Naj-e-podgotveno-da-plovi-niz-vselenata-01.jpg

Овој подвиг успешно ја демонстрираше можноста за таканаречено „соларно едрење“, што е всушност пловење на вселенско летало низ вселената само со помош на сончевата светлина. Исто така, со помош на ова лансирање на „Светлосно Едро 2“ се демонстрира нов начин на поевтин вселенски транспорт, како и анулирање на ризикот од тоа некогаш да ви снема гориво, сè додека сте во можност да ја користите сончевата светлина.

Според Бил Нај, иако соларното пловење е само во своите зачетоци, сепак тоа може да претставува револуција во начинот на транспорт низ вселената.

Овој вид на технологија овозможува да испратиме вселенски летала до сите дестинации во нашиот сончев систем, а можеби еден ден и до некој друг ѕвезден систем.

Откако беше доведено во орбитата, „Светлосно Едро 2“ успеа за само 3 минути да го отвори своето едро со големина на боксерски ринг и со тоа да ја демонстрира во реалност идејата којашто беше поставена од Карл Саган во 1976 година. 

Сепак, оваа идеја можеби е и уште постара и тоа преку 400 години постара, за прв пат појавена како теорија на Јоханес Кеплер, којшто ја начнал кога теоретизирал за опашката на Халеевата комета и како таа најверојатно постои благодарение на топлината на сонцето. 

Тогаш Кеплер предложил дека можно е и вселенски брод да плови на ѕвездена светлина, како што бродовите пловат со помош на ветрот.

Можеби ни требаа 400 години за да ја реализираме идејата на Кеплер, но она што е важно е дека ништо не е невозможно.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Знаци дека телефонот можеби ви е хакиран (или некој се обидува да го хакира) Телефонот се загрева без причина и имате проблеми со перформансот, дури и ако им...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg