Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Samsung Galaxy Note10+ 5G оценет како телефон со најдобри камери

Скопје 13. август, 2019Новиот Galaxy Note10+ 5G, за прв пат претставен на минатонеделниот Unpacked настан во Њу Јорк, има најдобра предна и задна камера, како и најдобри резултати од снимање на видеа, според DxOMark, познат сајт кој е специјализиран за рецензија на камери. За време на тестирањето уредот го освои првото место со својата задна камера со севкупниот резултат од 113 поени, додека ја задржа и шампионската позиција на DxOMark Selfie скалата со предната/селфи камера и освоени 99 поени.

samsung-galaxy-note-10-5g-ocenet-kako-telefon-so-najdobri-kameri-01.jpg

Galaxy Note10 и Galaxy Note10+ ги користат најсовремените алатки за да се направат неверојани видео снимки и фотографии со врвен квалитет, без потреба од додатна опрема. Телефоните имаат Live focus видео и Zoom-In микрофон со цел подобрување на визуелните и звучните содржини на видеата, додека новиот Super steady систем ги стабилизира снимките.

Корисниците на Galaxy Note10 можат да ги средуваат своите слики и снимки додека се во движење, без потреба на поврзување со компјутер, а благодарејќи му на S Pen тие можат да го изберат точниот момент кој што сакаат да го исечат. Додатните бенефити вклучуваат Снимање на екран, AR Doodle, 3D скенер и ноќен мод за работа на предната камера.

DxOMark е специјализиран сајт кој работи на проценка на квалитетот и оценување на камери, леќи на камери, како и квалитетот на фотографиите на смартфоните. Уредите поминуваат низ ригорозни тестови, а конечната проценка ја дава тим на инженери кои го тестираат квалитетот на фотографиите и видеата со надеж дека на корисниците ќе им претстават сигурен извештај за перформансите на камерите на смартфоните.

samsung-galaxy-note-10-5g-ocenet-kako-telefon-so-najdobri-kameri-02.jpg

Би можело да ве интересира:

Мајка од Скопје згрозена од интернет алатката што доведе до самоубиство на момче од Флорида – Ја кор... „Бев шокирана, останав без зборови“ – мајка од Скопје, сакала да ја тестира алат...
5 работи што никако не смеете да ги споделите со ChatGPT Доверливи информации од работа или ваши лозинки – кои работи не треба да ги спод...
Нереално ниски цени, затворени коментари: Како да препознаете лажна реклама на Фејсбук и Инстаграм? Ако рекламата изгледа премногу добра за да биде вистинита, тогаш најверојатно е ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg