Трикови со кои полесно и побрзо ќе го наполните мобилниот телефон

Сигурно ви се случило неброено многу пати да треба да излезете од дома, но батеријата на мобилниот телефон е, речиси, празна. 

trikovi-so-koi-polesno-i-pobrzo-kje-go-napolnite-mobilniot-telefon-01.jpg

Сте го ставиле во последните минути пред излегување на полнач, но тоа не ви завршило многу работа. Во вакви случаи потребно е да знаете како може најбрзо да го наполните телефонот и да не излезете со целосно празна батерија. 

Практикувајте ги следниве трикови:

1. Префрлете се на „авионски режим“

Брз начин за брзо полнење на батеријата е да го префрлите телефонот на авионски режим. Нема да можете да примате пораки или да го користите интернетот, но ќе заштедите енергија, бидејќи вашиот телефон нема постојано да бара мобилна или WiFi мрежа и нема да троши батерија од работата на апликациите.

2. Исклучете го телефонот

Нема подобар начин да го наполните телефонот. Додека е исклучено, напојувањето оди директно на вашата батерија.

So ovie trikovi pobrzo ke go napolnite vasiot mobilen telefon 01

3.Телефонот не треба да биде на сонце

Топлината може да го оштети капацитетот на батеријата. Всушност, софтверот на вашиот телефон може да го ограничи полнењето на околу 80 проценти, кога вашиот телефон станува потопол од препорачаната температура.

4. Извадете го телефонот од футролата

Ако забележите дека телефонот се загрева кога го полните, извадите го од футролата. Полнењето на уредот, додека е во одредена маска, може да предизвика вишок топлина, што може да влијае на капацитетот на батеријата.

So ovie trikovi pobrzo ke go napolnite vasiot mobilen telefon 03

5. Исчистете го влезот за полнење

Проблемот можеби не е во самата батерија. Со текот на времето, влезот за полнење може да се наполни со нечистотии и прашина. Се препорачува да го исклучите телефонот и да користите чепкалка за заби за да го исчистите влезот, или пак може да се обратите во мобилара.

Потоа повторно вклучете го полначот и видете дали работи подобро.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Електронски уреди за кои дававме цело богатство, но сега само собираат прашина MP3 плеер, GPS уред, дигитален фотоапарат – сите бевме подготвени да дадеме мало...
Фото-докази дека мобилните телефони во 2000-тите беа многу „покул“ од модерните смартфони Иако перформансите на ретро мобилните телефони не се ни споредуваат со оние на м...

Најчитани неделава