6 предмети во домот кои може да ја намалат јачината на Wi-Fi-то

Колку пати ви се случило да се нервирате заради тоа што Wi-Fi-то во домот ви е слабо и губи сигнал, токму во моментите кога ви е најпотребно?

6-predmeti-vo-domot-koi-mozhe-da-ja-namalat-jachinata-na-wi-fi-to-01.jpg

Првиот обид за решение е секако рестартирање на рутерот, но кога ниту тоа нема да успее, виновни се провајдерите за кои веројатно сте упатиле многу погрдни зборови во тие моменти.

Сепак, не секогаш се тие виновни, туку проблемот може да биде во тоа што сигналот е попречен од одредени објекти во вашиот дом кои се блиску до рутерот или компјутерото.

Ви продолжение погледнете кои предмети во домот ви се непријатели и како да ги избегнете проблемите со слабиот интернет:

Метални површини и мебел

Земајќи предвид дека металот е спроводник, тоа значи дека апсорбира струја, а со оглед на тоа што W-Fi-то отпушта електромагнетни бранови, секоја метална површина или предмет во домот може да спречи овие бранови да се шират. За да немате такви проблеми, можеби треба да го преместите рутерот подалеку од метални површини.

6-predmeti-vo-domot-koi-mozhe-da-ja-namalat-jachinata-na-wi-fi-to-02.jpg

Ѕидови од тули и камен

Некои типови на ѕидови го спречуваат сигналот на Wi-Fi-то да се шири, па тоа е причината заради која немате добра конекција во другите соби од каде што се наоѓа рутерот.

Материјалите кои најчесто го предизвикуваат тоа се мермер, цемент, бетон и тула, па затоа многу често во куќите на два ката сигналот е слаб на еден од нив.

За да го решите проблемот, поставете го рутерот на отворен простор каде што ќе биде подалеку од ѕидови.

6-predmeti-vo-domot-koi-mozhe-da-ja-namalat-jachinata-na-wi-fi-to-03.jpg

Огледала

Огледалата исто така го рефлектираат и сигналот кој го испушта рутерот. Овој предмет се поставува како штит што прави интернет конекцијата да се расипе. Кога е блиску до рутерот, постојано го прави сигналот слаб и нестабилен.

6-predmeti-vo-domot-koi-mozhe-da-ja-namalat-jachinata-na-wi-fi-to-04.jpg

Фрижидер и машини за перење

Електричните уреди кои имаат перки што циркулираат водата не се воопшто добри за Wi-Fi сигналот. Водата може да ја задржи енергијата од безжичните бранови, што влијае негативно на квалитетот на интернет сигналот, па би требало рутерот да го потргнете подалеку од овие уреди.

6-predmeti-vo-domot-koi-mozhe-da-ja-namalat-jachinata-na-wi-fi-to-05.jpg

Новогодишни светилки

Иако прават идилична новогодишна атмосфера, доколку елката ви е блиску до рутерот, тоа може да го ослабе сигналот. Тие имаат чипови кои генерираат магнетно поле кое е во интеракција со електричните бранови испуштени од рутерот.

6-predmeti-vo-domot-koi-mozhe-da-ja-namalat-jachinata-na-wi-fi-to-06.jpg

Микробранова печка

Ова е уште еден домаќински апарат кој има фреквенција слична на Wi-Fi-то, а кога два уреди пренесуваат иста фреквенција, го користат воздухот за да ги испратат податоците наместо да пренесуваат бранови, како што е случајот со Wi-Fi.

Ако рутерот ви е поставен во близина на микро, качете го на место повисоко од нивото на печката, со тоа ќе го намалите негативниот ефект кој таа го има врз конекцијата.

6-predmeti-vo-domot-koi-mozhe-da-ja-namalat-jachinata-na-wi-fi-to-07.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Постојат 5 вида „зависници“ од мобилни телефони (и интернет) – На која група ѝ припаѓате вие? Дали се чувствувате изгубено ако во моментот паметниот телефон не ви е при рака ...
Митови за iPhone кои не се точни (и можат да ви го расипат уредот) Ако исклучите Bluetooth ќе заштедите батерија и телефоните се отпорни на вируси ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg