Дали интернетот навистина може да нè поврзе?

Живееме во свет на високо напредна технологија и секој ден се јавуваат сè поголеми поплаки за социјалните мрежи и другите онлајн канали за комуникација.

Vo celusta na virtuelniot svet dali internetot navistina moze da ne povrze 01

Но, колку всушност интернетот ни дозволува да се поврземе со другите луѓе? Се верува дека интернетот нè отуѓува од другите, но од друга страна ни дава големи можности да се запознаеме со нови луѓе. Важно е само ова среќавање да не остане виртуелно.

Што мислите, дали интернетот навистина може да нè поврзе?

Замислете се во свет без интернет, каде живееле некои од нас. Ги имаме нашите пријатели, семејството и многу други луѓе со кои можеме да разговараме. Но ако сме специфични по нешто и немаме разбирање од нашето опкружување, можеме да најдеме луѓе слични на нас на интернет.

Ако имаме проблем за кој ни е непријатно да зборуваме или имаме некое ретко хоби, можеме да се поврземе со истомисленици преку интернет и да добиеме релевантни информации. Можеме да разговараме за важна тема со луѓе на кои им е темата подеднакво важна.

Во таквите околности, наоѓаме разбирање и поддршка што понекогаш ја немаме во реалниот свет, што е многу важно за нашата самодоверба и генерално за нашата слика за себе.

Vo celusta na virtuelniot svet dali internetot navistina moze da ne povrze 02

Ако немавме интернет, ќе беше многу тешко да најдеме такви луѓе и сигурно ќе ни требаше многу повеќе време.

Истражувањата покажаа дека задоволството и пристапот до интернетот се поврзани. Дел од таа врска лежи во удобноста за извршување на работи преку интернет. Но важна е и потребата за поврзување со други луѓе.

Виртуелните пријателства им помагаат на луѓето да се чувствуваат помалку осамени. Но уште поважно, интернетот ни овозможува да ја перципираме човечката различност.

Можеме да видиме како другите луѓе живеат и како го перципираат светот, што може да ги прошири нашите хоризонти. Во реалноста сме претежно опкружени со луѓе кои се слични на нас или ги споделуваат нашите интереси. Но, на интернет можеме да најдеме разновидност.

Vo celusta na virtuelniot svet dali internetot navistina moze da ne povrze 04

На овој начин можеме да откриеме некои нови работи кои нè интересираат. Исто така, социјалните мрежи, форуми и други форми на комуникација, фокусирани на специфични области, ни овозможуваат да ги запознаеме луѓето што во реалниот свет веројатно немаше да биде возможно.

Преку интернет можеме да создадеме деловни, но и пријателски контакти што ќе ги пренесеме надвор од виртуелниот свет.

Важно е да се биде свесен дека интернетот е алатка која може да ни помогне на многу начини. Но истиот е само средство, животот не се одвива на интернет. Треба да избереме како и колку да го користиме.

Не мора да имате профил на Фејсбук, ако не сакате. Сигурно имате пријатели кои ќе комуницираат со вас на друг начин. Важно е да го користиме како средство за поврзување, а не раздвојување.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги отстраните малите гребаници на екранот на телефонот? Пастата за заби може да ви помогне да ги скриете малите гребаници на екранот, но...
Постојат 5 вида „зависници“ од мобилни телефони (и интернет) – На која група ѝ припаѓате вие? Дали се чувствувате изгубено ако во моментот паметниот телефон не ви е при рака ...
Знаци дека телефонот можеби ви е хакиран (или некој се обидува да го хакира) Телефонот се загрева без причина и имате проблеми со перформансот, дури и ако им...
Како да го спречите расипувањето на батеријата и да му го продолжите рокот на траење на смартфонот? Не купувајте евтини полначи и не ги игнорирајте надградбите за софтверот – како ...
Како онлајн предаторите можат да ги злоупотребат фотките што ги објавувате од вашите деца? „Онлајн предаторите можат да ги претворат фотографиите од децата во експлицитни ...
6 одлични бесплатни апликации за уредување фотки на Инстаграм Ако апликацијата за уредување на фотографиите не ви дава доволно добри можн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg