5 митови и факти за 5G технологијата
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Оператор 06-12-2019
Продавач 06-12-2019


5 митови и факти за 5G технологијата

Со развојот на мобилната технологија и паметните телефони, паралелно се развиваат и мобилните мрежи, па така секоја следна генерација на нови мрежи нуди поголем капацитет и дофат.

5-mitovi-i-fakti-za-5g-tehnologijata-01.jpg

Секоја нова генерација на мобилни мрежи претставува голем напредок во технологијата и ни овозможува побрз и постабилен интернет сообраќај со повеќе истовремени корисници и испраќање на огромни пакети со податоци.

Новите мобилни мрежи од 5G или петта генерација сè уште се тестираат низ целиот свет, а целосната имплементација на инфраструктурата се очекува од 2020-та година. Со 5G мрежата се очекува типичната брзина на симнување податоци од интернет да порасне на 1GBps.

Како и за многу други иновации и новитети кои се појавуваат во светот на технологијата, сомнителни теории на заговор наспроти разумна проверка на фактите почнуваат да се шират и за 5G технологијата. Па така, забележуваме како кружат чудни теории и лажни извештаи за 5G мрежите, особено на социјалните медиуми. Се споделуваат гласини дека поради новите мобилни мрежи паѓаат мртви птици од небото, дека во иднина ќе треба да се изградат шуми од антени и што е уште полошо, тие ќе емитуваат 1.000 пати поголема емисија од постојните инсталации.

5-mitovi-i-fakti-za-5g-tehnologijata-03.jpg

Секако, сето тоа се бесмислици. Од таа причина Форумот Мобилкомуникација (Forum Mobilkommunikation), кој претставува доброволно претставничко тело на австриската индустрија за мобилни комуникации во мрежата на Здружението на електрична и електронска индустрија (ФЕЕИ), преку разумна проверка на фактите даде свој приговор и придонес во разбивањето на најчестите „хорор приказни“ односно митовите кои забрзано се шират.

Во продолжение прочитајте ја проверката на фактите за 5-те најчести митови за 5G технологијата:

1. Мртви птици во Хаг како резултат на 5G тестирања

МИТ: Веќе неколку месеци кружат гласини дека 300 здрави птици ненадејно паднале мртви во Хаг за време на 5G тестирања.

ФАКТ: Тоа е „хорор приказна“ која е целосно неоснована. Независни истражувачки платформи открија дека овој инцидент претставува намерно креирање на лажни вести, кои се шират со конкретна намера да се создаде несигурност кај населението. Во овој регион не само што не биле извршени тестирања, туку апсолутно не постојат ни 5G антени на локацијата на која се наведува дека се случил инцидентот.

2. Аргументот на Светската здравствена организација (СЗО)

МИТ: СЗО ја става 5G технологијата во Групата 2Б со што таа следствено претставува „мобилна телефонска технологија која е можен канцероген причинител“.

ФАКТ: СЗО ги има класифицирано „полињата на радио-фреквенција“ како „2Б“ независно од примената за која се користат и нивната јачина. Ова значи дека класификацијата се однесува на секоја примена на радио бранови, а не само на технологијата за мобилна телефонија. Па така, СЗО јасно вели дека е „можно“, но „не е веројатно“ дека тие предизвикуваат рак. По некаква случајност и гинко-билбоата, кокосовото масло и алое верата спаѓаат во истата категорија.

5-mitovi-i-fakti-za-5g-tehnologijata-05.jpg

3. Шума од антени

МИТ: За да функционира 5G, ќе бидат потребни илјадници дополнителни антени. Ќе се подигнат цели шуми од антени.

ФАКТ: Во Македонија има 1.600 – 1.700 инсталации за мобилна комуникација. Тие се монтирани на згради или на столбови, од оној вид што може да се забележи во рурални средини и на многу локации тие се користени од повеќе оператори. За функционирањето на 5G мрежата нема да биде потребно значително зголемување на бројот на локации во иднина, бидејќи во текот на следните неколку години тие ќе бидат или конвертирани или надградени. Покрај тоа, ќе бидат монтирани т.н. „мали ќелии“ на места со голема концентрација на корисници односно онаму каде што побарувачката од клиентите е најголема.

4. Преносната моќ на 5G антените е „илјада пати повисока“ од конвенционалните антени

МИТ: Се тврди дека 5G антените испуштаат многу високи нивоа на електромагнетно зрачење и имаат моќност „повисока до илјада пати“ од конвенционалните антени.

ФАКТ: Неточно! Вистината е спротивна на тоа. Додека телевизиските станици, радио станиците и радарските инсталации имаат предавателна моќност до 500 илјади (!) вати, т.н. „мали ќелии“ на 5G мрежите работат со моќности помеѓу 0.5 (!) и 10 вати – односно толку малку што дури и најекономичните светилки имаат повисока излезна моќност.

5-mitovi-i-fakti-za-5g-tehnologijata-04.jpg

5. Аргументот за надзор на населението

МИТ: Честопати „Интернетот на нештата (IoT)“, „паметните градови“ и „автоматизацијата“ се поврзуваат со она што провокативно се нарекува воведување на „држава под надзор“.

ФАКТ: Методите за надзор, како што се читање на електронска пошта, протоколи за разговор на интернет и пресретнувањето на фајлови (доколку се лошо шифрирани) беа можни уште во времето кога мобилните телефони користеа аналогна технологија. Дали технологиите ќе се користат за надзорни потреби зависи од судовите задолжени за спроведување на законите, бидејќи тие треба да одлучуваат врз основа на индивидуални случаи дали осомничените може да подлежат на надзор или не. Тоа апсолутно нема никаква врска со 5G.

ЗАКЛУЧОК: Недоволно информации е она што го прават 5G опасен, а не безжичната технологија како таква – вели Светската здравствена организација

Единственото нешто што е навистина опасно за 5G технологијата е недоволната информираност за новиот протокол за пренос. Причината за тоа е што 5G не е ништо повеќе од нов протокол кој го забрзува протокот на податоци и ја скратува латентноста. Сепак, тоа не ја менува технологијата за безжичен пренос т.е. електромагнетните бранови, кои исто така се јавуваат природно и кои се користат повеќе од 100 години за испраќање на информации. Па така, безжичната технологија е една од најдобро истражените технологии кои постојат.

Во списокот со факти бр.296 на Светската здравствена организација (Fact Sheet 296) јасно е наведено дека реалната причина за нејасните поплаки како што се главоболки или нарушен сон не се радио брановите, туку анксиозноста која е поттикната од таквите лажни извештаи.

5-mitovi-i-fakti-za-5g-tehnologijata-02.jpg

Би можело да ве интересира:

Како технологијата го промени светот во последните 50 години? Слично како и другите големи откритија, технологијата целосно ги промени нашите ...
Исклучување нотификации од социјални мрежи како најдобра животна одлук... Социјалните мрежи и нивната достапност на уредот кој ни го собира во џебот. Имам...
Како да ја одржите разумноста во време кога сите сме зависни од соција... Повеќе од една третина возрасни личности сметаат дека социјалните мрежи влијаат ...

Најчитани неделава