Македонски Телеком ја овозможува VoLTE технологијата

makedonski-telekom-ja-ovozmozhuva-volte-tehnologijata-01.jpg

  • VoLTE овозможува подобар квалитет на звукот, побрзо воспоставување повици и истовремено користење говорни и податочни услуги на 4G мрежата
  • Имплементацијата на VoLTE технологијата, Македонски Телеком ќе ја реализира етапно во соработка со Samsung

Македонски Телеком воведува нова технологија за обезбедување говорни услуги во мобилната телефонија – VoLTE (Voice over LTE). Оваа технологија на корисниците им овозможува подобар квалитет на звук при воспоставување на повиците, побрзо воспоставување повик и истовремено користење на говорните услуги и пренос на податоци во најсовремената 4G мрежа.

Придобивки за корисниците од VoLTE технологијата

1. Подобар квалитет на звукот/говорот

Една од главните придобивки од VoLTE е одличниот квалитет на звукот. VoLTE овозможува пренос на поширок спектар звуци и ефективно ја намалува позадинската бучава. Како резултат на тоа, квалитетот на звукот е подобар во споредба со другите технологии, дури и во споредба со технологијата HD Voice, којашто се применува во моментов.

2. Поврзување на повиците со молскавична брзина

Со VoLTE, повиканиот телефон започнува да ѕвони по само две секунди, што е повеќекратно побрзо во споредба со вообичаените повици.

3. Истовремено користење на говорни и податочни услуги во брзата 4G мрежа

VoLTE технологијата не ја ограничува брзината на конекцијата на податоци за време на повик. Корисникот може да разговара и да користи податочни услуги, при што брзината на мобилниот интернет не се намалува.

Имплементација на VoLTE технологијата

Основен предуслов на користење на VoLTE е телефонски уред којшто ја поддржува оваа технологија. Затоа, имплементацијата на VoLTE технологијата Македонски Телеком ќе ја реализира етапно, во соработка со Samsung. Први пристап до VoLTE ќе имаат корисниците на Samsung S9 и на Samsung S9 плус уредите, а потоа технологијата интензивно ќе се прошири и за останатите модели на телефони.

Со имплементацијата на VoLTE не се менува начинот на тарифирање на говорните повици.

Повеќе информации на линкот.

Би можело да ве интересира:

Мрачната страна на платформата Роблокс, што е хит и кај нас: Киднапирања, педофили, измами за пари Роблокс овозможува корисниците самите да креираат видеоигри, што значи единствен...
Безжични слушалки и уште пет секојдневни изуми што постојат благодарение на НАСА Малите камери на смартфоните се технологија што ја развиле инженерите од НАСА – ...
Опседнати сте со ChatGPT, премногу му верувате: Дали страдате од „AI психоза“? Иако засега не е официјална дијагноза, таканаречена AI психоза претставува состо...

Најчитани неделава