Грешки со кои го уништувате лаптопот

Лаптопот е „најдобриот пријател“ кога сте во движење и едноставно треба брзо да завршите некоја работа или пак, сакате удобно да се сместите во креветот и да изгледате серија. А посебно сега, кога повеќето работат од дома, е неопходен.

greshki-poradi-koi-laptopot-vi-raboti-bavno-01.jpg

Сепак, малкумина знаат дека неговата брзина и целосно неговото добро функционирање зависат од некои грешки кои можеби секојдневно ги повторувате.

Проверете колку од овие грешки ги правите:

Не го вклучувате лаптопот правилно во струја

Прво треба да го ставите полначот во лаптопот, потоа во струја, па на крајот да го вклучите. На овој начин ја зачувувате батеријата во подобра состојба.

greshki-poradi-koi-laptopot-vi-raboti-bavno-02.jpg

Лаптопот е поставен преблиску до ѕидот или друга површина која ја отежнува вентилацијата.

Очигледно, на лаптопот му треба простор за да не загрева. Топлината пак, ги забавува сите негови процеси.

Го пренесувате додека е во хибернација, односно го ставате во Sleep Mode наместо да го исклучите.

При пренесувањето и движењето системот може да падне без да забележите, па кога ќе го отворите лаптопот да работи многу побавно од претходно.

greshki-poradi-koi-laptopot-vi-raboti-bavno-04.jpg

Светлината паѓа директно на екранот.

Уште една грешка која непотребно го загрева лаптопот и му ја отежнува работата. Дополнително, сончевите зраци може физички да го оштетат самиот екран.

Користите додаток за во штекер, наместо продолжен кабел.

Се покажало дека процесорот многу побрзо прегорува кај лаптопи кои се напојуваат со струја преку додатоци за во штекер, а не соодветни продолжени кабли со вклучи-исклучи копче.

greshki-poradi-koi-laptopot-vi-raboti-bavno-03.jpg

Не користите кулер.

И со тоа ја отежнувате вентилацијата и соодветната температура на лаптопот.

Користите неоригинален полнач.

Евтините полначи кои се копии на оригиналот почесто ќе ви направат поголема и поскапа штета на батеријата, отколку корист.

Го чистите екранот со влажни марамчиња.

Ова може да ги оштети анти-рефлексните слоеви кои служат како заштита.

greshki-poradi-koi-laptopot-vi-raboti-bavno-05.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги отстраните малите гребаници на екранот на телефонот? Пастата за заби може да ви помогне да ги скриете малите гребаници на екранот, но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg