Новата генерација клима уреди од Hyundai: MiniMax клима уредите на Hyundai пристигнаа во Македонија!

Во вистинско време, пред почетокот на летните горештини, на пазарот пристигнува сосема нова генерација на клима уреди од реномираниот бренд Hyundai, ексклузивно достапни во маркетите на Електрометал ширум Македонија!

novata-generacija-klima-uredi-od-hyundai-minimax-klima-uredite-pristignaa-vo-makedonija-01.jpg

Нов, револуционерен дизајн

Клима уредите на Hyundai и досега беа едни од најпродаваните на нашиот пазар, а новата генерација пристигнува со нов, компактен дизајн кој се одликува со помали димензии на надворешната единица (730х495х270 милиметри), а сепак со дури 15% зголемен проток на воздух кој придонесува за побрзо ладење или греење (над 1800 метри кубни воздух на еден час за Hyundai 3,5 kW и над 2100 метри кубни воздух на еден час за Hyundai 5,3 kW).

Еколошки фреон R32 за заштеда на електрична енергија

R-32 е енергетски најефикасно разладно средство ос најмало влијание врз животната средина. Со R-32 достигнуваме A++ енергетска ефикасност за ладење со што значително се намалуваат трошоците за електрична енергија. Инвертер технологијата дополнително ја зголемува заштедата на енергија и до 30%, а паметните сензори дополнително ја намалуваат непотребната потрошувачка. Со клима уредите на Hyundai, дополнително ја заштитувате животната средина бидејќи R-32 може да се рециклира и повторно да се употреби.

novata-generacija-klima-uredi-od-hyundai-minimax-klima-uredite-pristignaa-vo-makedonija-02.jpg

Премиум изработка

Најважен елемент во изработката на клима уредите е секако компресорот, а во Hyundai е вградена последната генерација на компресори кои гарантираат долг животен век на клима уредот, како и лесно одржување. Инвертерите функционираат беспрекорно на надворешни температури од -15 до +50 степени целзиусови.

А++ енергетска класа

Она кое секако е еден од најважните фактори при избор на нов клима уред е енергетската класа. Уредите на Hyundai се со енергетска класа A++ (за ладење) и A+ (за греење) што ги прави извонредно енергетски ефикасни и му носи на потрошувачот голема заштеда на електрична енергија.

Подготвени за WI-FI контрола

Иако цената на новата генерација Hyundai останува иста како и претходно, клима уредите сега доаѓаат и со WI-FI Ready опција. Тоа значи дека во секој момент имате можност да го надградите вашиот клима уред (со имплементација на USB уред за минимална доплата) и преку WI-FI и апликација за вашиот смартфон да ја контролирате работата на клима уредот.

novata-generacija-klima-uredi-od-hyundai-minimax-klima-uredite-pristignaa-vo-makedonija-03.jpg

Ниско ниво на бучава

Со новиот, компактен дизајн, доаѓа и големо намалување на нивото на бучава. Сега, внатрешната единица достигнува максимална бучава од 53 децибели, а надворешната единица постигнува максимална бучава од 61 децибели, со што добивате тивок клима уред кој нема да пречи во вашето секојдневие.

7 години гаранција

Она кое ги прави уредите на Hyundai едни од најпосакуваните на пазарот е одличната 7 годишна гаранција. Почетната гаранција е 1 година од моментот на монтажа на клима уредот, а понатаму, обврска на купувачот е секоја година да закаже редовна проверка со овластените сервисери (која чини 800 денари) со што гаранцијата автоматски се продолжува, а комплетниот трошок за дополнување на фреон, редовно чистење и санирање на дефекти оди на сметка на производителот.

novata-generacija-klima-uredi-od-hyundai-minimax-klima-uredite-pristignaa-vo-makedonija-04.jpg

Клима уредите на Hyndai ќе бидат достапни за продажба во сите маркети на Електрометал низ Македонија од среда (24 Јуни 2020) по специјални акциски цени.

Би можело да ве интересира:

И Македонците си отвораат профили на „Threads“ – Каква е новата апликација на Марк Закерберг? Денес, 6-ти јули, беше лансирана новата апликација на Meta – Threads. Станува зб...
За да го избришете профилот на „Threads“ мора да си го избришете и профилот на Инстаграм - корисници... „Штом еднаш влезеш нема излегување“ – велат дел од корисниците што ја пробале но...
Митови за iPhone кои не се точни (и можат да ви го расипат уредот) Ако исклучите Bluetooth ќе заштедите батерија и телефоните се отпорни на вируси ...
6 одлични бесплатни апликации за уредување фотки на Инстаграм Ако апликацијата за уредување на фотографиите не ви дава доволно добри можн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg