Во ова време на сите ни е потребен еден уред кој ќе ни биде сѐ во едно – Galaxy Note20 Ultra за неверојатно бизнис искуство

Живееме во брзо време со динамично секојдневие и на сите ни е потребен по еден Note 20 Ultra, уред кој се нарекува и џебен компјутер, а ви овозможува неверојатно бизнис искуство, нудејќи можности за менаџирање на обврските, безброј опции за брзо и лесно организирање на работата и ангажманите, како и за релаксирање, а тука е секако и камерата која нема да ве остави рамнодушни.

vo-ova-vreme-na-site-ni-e-potreben-eden-ured-koj-kje-ni-bide-s-vo-edno-galaxy-note20-ultra-za-neverojatno-biznis-iskustvo-01.jpg

Моќна комбинација на одлични перформанси и елегантен дизајн, паметен телефон кој користи како џебен компјутер и спој со пенкало кое овозможува голем број можности, како и неповторливо гејминг искуство – Note20 Ultra заслужено се наоѓа на листата на најдобри телефони.

Samsung дефинитивно се надминаа со Note серијата во која успеаја да спојат пенкало со телефон со што ќе се запознете со целосно нов свет, а ќе ви биде попотребен отколку што сте замислувале.

Го тестиравме Note20 Ultra и имавме можност да искусиме безброј опции кои ги нуди овој уред, со што дефинитивно може да се согласиме дека го заслужува прекарот џебен компјутер, бидејќи не ви е потребно ништо друго, освен телефонот за какви било потреби. Го започнуваме и завршуваме денот со него. 

vo-ova-vreme-na-site-ni-e-potreben-eden-ured-koj-kje-ni-bide-s-vo-edno-galaxy-note20-ultra-za-neverojatno-biznis-iskustvo-3.jpg

Дизајн и дисплеј

Note20 Ultra e поголем и со поостри агли, дизајнот е елегантен и лежи пријатно во рака, а во ниту еден момент не почувствувавме страв дека ќе се лизне од рака или неудобно држење. Доаѓа во мистично бела, мистично црна и  мистично бронзена, новата препознатлива боја за Galaxy.

Дисплејот од 6.9 инчи ни овозможи беспрекорно и јасно визуелно искуство, благодарение на реалистичните бои на кои не влијае светлината во околината, а живописната глетка достигнува неверојатни 1500 нити. Светлината на екранот во какво било услови ни беше пријатна за окото и воопшто не предизвика замор, а со 120 Hz брзина на освежување, се освежува двапати почесто за непречена работа и неверојатно брза реакција на допир.

vo-ova-vreme-na-site-ni-e-potreben-eden-ured-koj-kje-ni-bide-s-vo-edno-galaxy-note20-ultra-za-neverojatno-biznis-iskustvo08.jpg

S Pen пенкало

S Pen пенкалото на Note20 Ultra е дефинитивно најмоќното пенкало кое функционира како вистинско, а со него имате безброј опции, но ќе се обидеме да ви доловиме барем дел од нив.

vo-ova-vreme-na-site-ni-e-potreben-eden-ured-koj-kje-ni-bide-s-vo-edno-galaxy-note20-ultra-za-neverojatno-biznis-iskustvo03.jpg

Нотесот и тефтерите барем за нас повеќе не се потребни за пишување кратки забелешки, а веќе немаме потреба од нервоза кога ќе заборавиме обично пенкачо и тефтер, бидејќи Note20 Ultra во секое време ни служеше како мини бележник со многу подобри опции за префрлување, конвертирање и синхронизирање со други уреди.

Со пенкалото запишувавме белешки и ги зачувувавме како потсетник, напишаното може да се конвертира во текст кој го препраќаме, пребаруваме или зачувуваме како документ, што е огромна предност за време на состаноците. Наместо да ги прекуцувате забелешките на компјутер од тефтер – сега сето тоа е возможно со неколку клика од самиот телефон каде што сте запишувале.

Нас ни послужи за запишување забелешки, за обележување грешки во текстови, за поправки и корекции, истакнување на детали од слика или документ, потписи на документи - со него можете брзо и лесно да запишете или обележите буквално што сакате - на екран, фотографија или документ, а доброто е тоа што на крај истото може да го зачувате како фотографија или официјален Word/PDF документ.

Вашите белешки во телефонот лесно и брзо може да се трансформираат во официјален документ, па дури и во PowerPoint презентација. Зависно од вашите потреби и професија, можете сето она што сакате да го истакнете, да го вметнете во Notes, независно дали е текст или слика, а подоцна сето тоа да го зачувате како целосен концепт кој ќе ви служи за бизнис или сопствени цели како PowerPoint презентација.

Покрај за бизнис цели, ова може да ви биде потребно и за приватни цели – на пример, за уредување на дом. А, ако се занимавате со дизајн, тогаш овие алатки ќе ви бидат и повеќе од потребни.

Сега веќе нема да имате стотици фотографии во галеријата за кои нема да знаете за што сте ги направиле, бидејќи можете на секоја од нив веднаш да запишете што ви е потребно – од димензии, до белешки за преместувања, менување на насоки и слично. Опциите се бесконечни, само треба да се препуштите.

vo-ova-vreme-na-site-ni-e-potreben-eden-ured-koj-kje-ni-bide-s-vo-edno-galaxy-note20-ultra-za-neverojatno-biznis-iskustvo-07.jpg

vo-ova-vreme-na-site-ni-e-potreben-eden-ured-koj-kje-ni-bide-s-vo-edno-galaxy-note20-ultra-za-neverojatno-biznis-iskustvo-6.jpg

Она што е најважно е дека без разлика што ќе напишете, забележите и создадете – вашиот нотес од телефонот лесно може да се синхронизира на вашиот таблет или компјутер, а за нас ова беше исклучително важно бидејќи секогаш сѐ ни е уредно организирано и не треба да се грижиме дека сме заборавиле нешто, бидејќи Note20 Ultra e сѐ во едно.

Покрај бројните опции во Notes, тука е и PENUP платформата на која можете да ги создавате вашите уметнички дела и да се релаксирате во слободното време со боење.

Гејминг

Освен за бизнис потреби, Note20 Ultra важи за еден од најдобрите уреди кој нуди уникатно гејмерско искуство, а оние кои сакаат да поминат голем дел од денот во гејминг, дефинитивно нема да зажалат ако се одлучат за овој уред.

Може да уживате во повеќе од 100 Xbox игри, што овозможува посебно гејминг искуство, а моќниот и интелигентен процесор го крева нивото на играње и користење на повисоко ниво.

За игри без прекини, како и за беспрекорни бизнис и секојдневни употреби без сецкања, кочење и исклучување апликации, процесорот е надграден во свој чипсет за посилни перформанси. Ова овозможува да ги користите предностите на играњето во облак (cloud gaming) — без доцнење, сецкање или ненадејно појавување на здодевниот круг со статусот на вчитување. Во ниту еден момент не почувствувавме нервоза заради кочење, работите се одвиваат лесно и брзо.

Камера

Покрај сите овие извонредни опции, секако тука е и беспрекорната камера која повторно може да служи за професионални цели на фотографите, но и за истражување и доловување моменти од секојдневието и околината на аматерите.

vo-ova-vreme-na-site-ni-e-potreben-eden-ured-koj-kje-ni-bide-s-vo-edno-galaxy-note20-ultra-za-neverojatno-biznis-iskustvo06.jpg

Неописливо е чувството кога можете да ги прикажете сите моменти кои ги гледате со голо око и на телефонот, па може да ги споделите со оние кои не биле со вас.

Живописни бои и јасни детали со реален приказ, но со можност за доближување, зголемување, анализирање и доловување на најситните детали, дури и оние кои не ги гледате со голо око.

vo-ova-vreme-na-site-ni-e-potreben-eden-ured-koj-kje-ni-bide-s-vo-edno-galaxy-note20-ultra-za-neverojatno-biznis-iskustvo-06.jpg

vo-ova-vreme-na-site-ni-e-potreben-eden-ured-koj-kje-ni-bide-s-vo-edno-galaxy-note20-ultra-za-neverojatno-biznis-iskustvo11.jpgфотографија направена од видео (video capture) 

Со 108 MP на Galaxy Note20 Ultra, може со допир да се зголеми и приближи заднината и да се видат јасно сите детали исто како на целата слика, а за тоа помагаат милионите пиксели кои овозможуваат експоненцијално подетални фотографии.

Има зум зо одлична резолуција, кој е подобрен со AI, a тоа ќе ви овозможи комплетно доближување на објектите од далечина и детален и јасен приказ, без да пропуштите ниту еден детаљ.

  • 5 пати Оптички зум
  • 50 пати Зум со супер резолуција

vo-ova-vreme-na-site-ni-e-potreben-eden-ured-koj-kje-ni-bide-s-vo-edno-galaxy-note20-ultra-za-neverojatno-biznis-iskustvo-2.jpg

Поголемите пиксели и интелигентното т.н. „nonabinning“ (комбинирање девет пиксели во еден) му даваат на Galaxy Note20 Ultra моќ за снимање фотографии со неверојатни бои и детали на слаба светлина. Дури и во вечерни услови, фотографиите добиваат јасен изглед со добра осветленост, па светлинските услови не се никаков проблем при обидот за доловување моменти.

vo-ova-vreme-na-site-ni-e-potreben-eden-ured-koj-kje-ni-bide-s-vo-edno-galaxy-note20-ultra-za-neve (1).jpg

И во видеата може да го користите професионалниот режим и да зголемувате бавно за драматичен крупен кадар или намалувате брзо за големо откривање на целата сцена.

На видео снимките може да ги доловите реално работите околу вас, да ги доближите, да ги видите јасно и да ги пратите движењата на предметот кој ви е во фокус. Снимките може да ги користите за лични, забавни цели или за професионални видеа и да бидете режисер само со овој уред. Повторно телефонот ви е сѐ во едно.

Независно дали ја користите камерата за професионални видеа или сте авантурист кој сака да ги долови своите доживувања, супер стабилноста ќе ви овозможи краен резултат со јасна и стабилна снимка, благодарение на напредната вештачка интелигенција, снимката е измазнета, а пикселите јасно го прикажуваат движењето.

Батерија

На оние кои телефонот го користат како мини компјутер, максимално ги употребуваат сите опции за работа и организација во текот на денот, како и за опуштање, гејминг и фотографирање/снимање, важно им е батеријата да биде трајна и никогаш да немаат проблеми со празна батерија среде работен ден.

Без проблем го користевме максимално и во ниту еден момент работата не ни беше загрозена заради празнење на батеријата.

Најинтелигентната батерија на Galaxy со неверојатно голем капацитет од 4500 mAh (типична), ви овозможува целодневна употреба на телефонот за секаква намена, без штедење, а на крајот на вечерта го вклучувате на полнење за да се наполни до 50 % за само 30 минути. И почнувате нов ден со нови Samsung искуства.

Би можело да ве интересира:

Знаци дека телефонот можеби ви е хакиран (или некој се обидува да го хакира) Телефонот се загрева без причина и имате проблеми со перформансот, дури и ако им...
Како да ги отстраните малите гребаници на екранот на телефонот? Пастата за заби може да ви помогне да ги скриете малите гребаници на екранот, но...
Митови за iPhone кои не се точни (и можат да ви го расипат уредот) Ако исклучите Bluetooth ќе заштедите батерија и телефоните се отпорни на вируси ...
Како да го спречите расипувањето на батеријата и да му го продолжите рокот на траење на смартфонот? Не купувајте евтини полначи и не ги игнорирајте надградбите за софтверот – како ...
5 апликации со кои можете да го контролирате времето пред екран на вашето дете Една од подобрите апликации е Qustodio, која ви овозможува да поставите дневни о...
6 одлични бесплатни апликации за уредување фотки на Инстаграм Ако апликацијата за уредување на фотографиите не ви дава доволно добри можн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg