5 лоши навики кои ја загрозуваат трајноста и квалитетот на телефоните и лаптопите

Користењето на паметни телефони и лаптопи за учење, работа и забава е дел од неопходната потреба за секој од нас во денешно време. Но, дали знаете кои ваши навики им штетат на овие уреди?

5-losi-naviki-koi-ja-zagrozuvaat-trajnosta-na-telefonite-01.jpg

Со цел да го зголемите животниот век на вашиот телефон или компјутер, имајте ги предвид следните навики во кои им нанесувате штета:

Го користите телефонот додека не стигне до 0% батерија

Постојат многу корисници кои сметаат дека телефонот не смее да се полни додека истиот има сè уште (релативно) полна батерија и дека на овој начин таа се оштетува. Затоа тие обично ја користат батеријата додека не покаже 0% пред да го стават телефонот на полнење. 

Сепак, ова е многу погрешна навика и потребно е веднаш да престанете доколку не сакате да се влоши векот на траење на батеријата.

Кога нивото на батеријата е прениско, таа може да предизвика хемиски реакции во внатрешноста кои го намалуваат траењето на батеријата како и штетни електромагнетни бранови. Кога капацитетот на батеријата е намален на околу 30%, најдобро е веднаш да го приклучите на полнач.

Ја полните батеријата предолго, т.е. го оставате телефонот да се полни во текот на целата ноќ

Повеќето паметни телефони коишто се нудат на пазарот денес користат литиум-јонски батерии. Лошата страна на овој тип на батерии е тоа што лесно се загреваат при полнењето (иако тоа не важи за сите).

Доколку го полните телефонот премногу долго, напојувањето постојано се троши, температурата на „ладилникот“ сè уште ќе биде топла, што влијае на квалитетот и издржливоста на внатрешните компоненти на системот.

Го користите активно телефонот додека е приклучен на полначот

Ова е грешка која ја прават многу корисници на паметни телефони. Ако ништо не е премногу итно, оставете го уредот да мирува додека се полни. Користењето на телефонот за играње игри или сурфање на интернет додека батеријата се полни, ќе ја намалат трајноста на истата.

Го ставате лаптопот во скутот или на перница додека работите на него

Многумина имаат навика да го ставаат лаптопот во скутот или на перница додека работат на него поради поголема удобност.

Сепак, ова му штети на вашиот уред. Кога ќе го ставите компјутерот на скут или на перница, тие ќе ги „затворат“ дупките за вентилација на уредот и ќе предизвикаат дополнителна топлина и оштетување на батеријата.

Го користите лаптопот премногу долго на отворено

Денес, современите модели на преносни компјутери и таблети се компактно дизајнирани да одговараат на многу различни потреби. Можете да ги понесете и да ги користите насекаде, без да бидете „врзани“ за столче и биро, како со традиционалниот компјутер.

Сепак, треба да бидете претпазливи кога го користите лаптопот на сонце, бидејќи кога екранот на вашиот компјутер е изложен на долгорочна сончева светлина, тоа ќе влијае на бојата на екранот и внатрешните компоненти.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Знаци дека телефонот можеби ви е хакиран (или некој се обидува да го хакира) Телефонот се загрева без причина и имате проблеми со перформансот, дури и ако им...
Како да ги отстраните малите гребаници на екранот на телефонот? Пастата за заби може да ви помогне да ги скриете малите гребаници на екранот, но...
Како да го спречите расипувањето на батеријата и да му го продолжите рокот на траење на смартфонот? Не купувајте евтини полначи и не ги игнорирајте надградбите за софтверот – како ...
Постојат 5 вида „зависници“ од мобилни телефони (и интернет) – На која група ѝ припаѓате вие? Дали се чувствувате изгубено ако во моментот паметниот телефон не ви е при рака ...
И Македонците си отвораат профили на „Threads“ – Каква е новата апликација на Марк Закерберг? Денес, 6-ти јули, беше лансирана новата апликација на Meta – Threads. Станува зб...
Митови за iPhone кои не се точни (и можат да ви го расипат уредот) Ако исклучите Bluetooth ќе заштедите батерија и телефоните се отпорни на вируси ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg